Впечатливата изложба на македонскиот уметник и графички дизајнер Зоран Кардула инспирирана од филмскиот серијал „Star Wars“ и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден (Македониум), денеска се отвора во Крушево.
Во изјава за ФРОНТЛАЈН, Кардула рече дека во сеќавање му е и Star Wars сериалот кој го гледал во киното во Крушево и уште тогаш имал впечаток како Македониумот да е излезен од серијалот иако истиот е изграден неколку години порано.
Крушево, Силата нека биде со тебе…
Како крушевчанец секако дека сум фасциниран од Македониумот. Се сеќавам на почетокот на неговото градење, на отварањето и на активностите кои сме ги имале како ученици. Дефинитивно има необичен изглед и на тоа кога ќе се надоврзе местоположбата несомнемо доминира во просторот, рече Кардула за Фронтлајн.
Во сеќавање ми е и Star Wars сериалот кој го гледав во киното во Крушево и уште тогаш имав впечаток како Македониумот да е излезен од серијалот иако истиот е изграден неколку години порано, истакна тој.
По многу години успеав да ја реализирам таа моја фантазија. Го споив Македониумот и Star Wars во 12 илустрации. Изложбата која ќе биде поставена нормално во Македониумот ќе биде во склоп на ” 10 дена Крушевска Република”, а настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Томи Бојаџи, рече Кардула.
Се надевам крушевчаните како и сите гости кои ќе престојуваат во Крушево ќе уживаат во истата, изјави Зоран Кардула за ФРОНТЛАЈН.
Отворањето на изложбата ќе биде придружено и од музички дел за кој ќе биде задолжен Томи Бојаџи. Настанот е дел од овогодинешната програма на „Десет дена Крушевска Република“.