Три брода со вкупно 58 илјади тони пченка утрово тргнаа од украинските пристаништа за Турција, Велика Британија и Ирска, пишува Al Jazeera Balkans.
Киев повика пактот да се прошири и на други стоки, како што се металите.
„Овој договор е за логистика, за движење на бродови низ Црното Море“, изјави за „Фајненшл тајмс“ украинскиот заменик министер за економија Тарас Качка. „Која е разликата помеѓу житото и железната руда?
Договорот од 22 јули беше редок дипломатски пробив додека беснее војна во источна Украина, при што Киев се обидува да ја обнови својата уништена економија по повеќе од пет месеци конфликт, пишува Reuters.
„Очекуваме дека безбедносните гаранции на нашите партнери од ОН и Турција ќе продолжат да работат, а извозот на храна од нашите пристаништа ќе стане стабилен и предвидлив за сите учесници на пазарот“, напиша на Фејсбук украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков по тргнувањето на бродовите.
Првиот брод со жито ја напушти Одеса во понеделникот.
М.А.