ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Петличковски вели засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, денеска нови 1.233 заразени и седум починати од Ковид-19

August 8, 2022 22:07
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со моменталната ковид-ситуација нема потреба од нови рестриктивни мерки, последните препораки за задолжително носење на маски во болници, аптеки, јавен превоз и старечки домови засега се доволни, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Тој во вечерашното гостување во емисијата „Жешко столче“ на Канал 5, беше дециден дека според моменталната ситуција со околу 170 хоспитализирани со Ковид-19 во болниците, од кои 20 во Инфективната клиника и ниту еден со тешка клиничка слика, рестриктивните мерки треба да се чуваат за кога ќе бидат потребни.

Сепак, бидејќи, како што истакна, вирусот изненадува и се враќа со нови верзии, сериозно ќе се размислува за отворање на прашањето за планирање на есента.

Вирусот не изненади со појава на нова верзија која уште полесно се шири и има прилично ефикасен начин да го избегне веќе стекнатиот имунитет. Во моментот во Австралија е најсериозна ситуацијата  бидејќи таму е дојдена есента и во овој бран истовремено со омикронот се појавува и грип. Ситуацијата е комплексна и има прилично голем притисок врз установите и затоа сметаме дека треба малку посериозно да го отвориме  прашањето за планирање на нашата есен во прв ред заради грипот и недоволната вакцинација која можеби ќе ни прави проблем наесен, оцени Петличковски.

Не ја исклучи и можноста за враќање на маските во училиштата, доколку се појави потреба за тоа..

Според него, се чини дека се приближуваме до пикот на овој ковид-бран кој ќе трае неколку недели.

Потоа се очекува бројот на инфицирани да се намалува. Ќе ги видиме и бројките од неделава, но се чини дека го достигнуваме плафонот, појасни Петличковски.

Во врска со колективниот имунитет, рече дека имаме остварено солидно ниво, како и во целиот свет. Но, порача дека тоа не значи гаранција за неинфицирање.

Некои повеќепати прележале, 50 проценти од населението се вакцинирани. Лицата со хибриден-комбиниран имунитет се најзаштитени од нови инфекции и тежок тек на болеста и затоа нема голем притисок врз здравствените установи, информира Петличковски.

За протоколите и новите начини за лекување, рече дека тие само се прилагодуваат на новите верзии.

Во врска со мајмунските сипаници, Петличковски кажа дека досега кај нас не е регистриран ниту еден случај и не очекува оваа болест да стане проблем како што е короната.

Посочи дека во земјава има тестови за мајмунски сипаници. Веќе е достапна и вакцина, авторизирана од ЕМА, но масовна вакцинација не се планира.

Проширувањето не оди така брзо како што на почетокот се плашевме, веројатно изгорени од короната. Се одвива пренесување во одредени групи. Вакцините во цел свет се препорачуваат за тие ризичните групи, со ризични контакти. Не се предвидува во моментов никаде масовна имунизација, рече претседателот на Комисијата за заразни болести.

Нови 1.233 заразени, 1.450 оздравени и седум починати од КОВИД-19

Во последните три дена од направени 3.561 тест регистрирани се 1.233 нови случаи на КОВИД-19, од кои 284 се реинфекции, и 1.450 оздравени пациенти. Пријавени се седум починати лица, а дополнително согласно регистарот на умрени лица од Мој термин пријавени се уште три починати лица во периодот од 17 до 28 јули, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје за периодот од 6 до 8 август.

Од новозаразените 516 се од  Скопје, од Битола се 97, Кавадарци – 72, Гостивар – 55, Прилеп – 54, Охрид -53, Куманово – 47, Тетово – 45, Велес – 40, Струга – 28, Струмица – 27, Неготино – 26, Кичево – 24, Кочани – 20, Штип – 18, Гевгелија – 17, Радовиш -15, Ресен -13, Дебар – 11, Кратово – 8, Свети Николе, Берово и Валандово – по 7, Демир Хисар – 6, Крушево – 5, Делчево и Виница – по 4, Богданци и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Најмногу од оздравени пациенти 651 се од Скопје, од Куманово – 120, Битола – 86, Кавадраци – 85, Охрид – 71, Прилеп – 51, Гостивар – 38, Тетово – 34, Струга – 33, Велес – 32, Струмица – 31, Штип и Неготино – по 28, Кичево – 24, Дебар – 19, Гевгелија – 18, Крива Паланка – 17, Ресен – 14, Кочани и Радовиш – по 13, Кратово – 9, Валандово и Виница – по 6, Берово и Крушево – по 5, Свети Николе – 4, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци – 2, Делчево – 1.

Од седумте починати лица четири се од Скопје на возраст од (91г, 87г, 82г и 77г) и по едно починато лице од Кочани (92г.), Битола (67г.) и Прилеп (83г.). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани три починати лица и тоа од Демир Хисар (76г), Велес (72г) и Струга (54г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 17.07 до 28.07.2022година.

Досега во земјава се направени вкупно 2.128.711 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 331.988, бројот на оздравени пациенти е 318.599, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 3.991

Next Post

Лукаревска: Нашите идни советници се новата енергија за Тетово

Најново

„Тоска“ во Националната опера и балет за 54. Мајски оперски вечери

May 12, 2026

Митева: Културата, уметноста и современиот национален израз дел од 35 години независност на македонската држава

May 12, 2026

СДСМ бара вонредна седница во Карпош: Лукровски се повлекува поради бизнис-интереси на Мицкоски?

May 12, 2026
Фото: Нетфликс

Мет Дејмон и Бен Афлек тужени од полицајци поради хит-филмот на Нетфликс

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk