ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Комисијата за заразни болести препорача превентивни мерки за заштита од мајмунски сипаници

August 11, 2022 08:13
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вчерашниот ден до Институтот за јавно здравје беше доставен примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Пациентот e од Кичево и тој пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунските сипаници.

Комисијата за заразни болести, која вчера попладне одржа состанок, препорача воведување на изолација во домашни или болнички услови за сите сомнителни и потврдени случаи и секојдневно епидемиолошко следење на лицата кои имале контакт со потврдени случаи.

– Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден, соопштија од КЗБ.

Комисијата ја реафирмираше и препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски соопшти дека пациентот од Кичево е во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје, како што во текот на вчерашниот ден информираше Министерството за здравство, нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници.

Петличковски не очекува оваа болест да стане проблем како што е коронавирусот. Според него, во земјава има тестови за мајмунски сипаници, а Европската агенција за лекови веќе има одобрена вакцина, но не е предвидена масовна вакциинација.

– Проширувањето не оди така брзо како што на почетокот се плашевме, веројатно изгорени од короната. Се одвива пренесување во одредени групи. Вакцините во цел свет се препорачуваат за ризичните групи, со ризични контакти. Не се предвидува во моментов никаде масовна имунизација, рече претседателот на Комисијата за заразни болести.

Во светот до 9 август регистрирани се вкупно 31.800 случаи на мајмунските сипаници. Во Европа, најголем број на случаи има во Шпанија – 5 162, Германија – 2 982 и Велика Британија – 2 914.

Во регионот исто така се потврдени случаи на мајмунските сипаници, но не во голем број. Во Грција има 41 случај, Словенија – 40, Србија – 23, Хрватска 12, Бугарија – 4, Босна и Херцеговина и Црна Гора имаат по еден случај, додека во Албанија нема регистрирани случаи на мајмунските сипаници. /MИA/

Next Post

Девизните резерви близу 3,2 милијарди евра

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk