Го слушнав Александар Николовски во Жешко лето. Јава на национализмот создавајќи култ од националниот идентитет кој, во суштина, е егзекутивен. Што значи тоа во пластичен превод? Значи некоја елиминација, или ако сакате ликвидација.
Како тоа работи во пракса? Од Бугарите треба да направиме чудовиште, бидејќи тие идентитетот во своите луди глави го разбираат како редукција.
Тие, националистите имено, идентитетот го разбираат како истиснување на Другиот.
Од друга страна, идејата на Ковачевски е, барем како јас ја гледам: инклузивна култура со Бугарите пред се дома, онаа култура која ќе ги шири хоризонтите, а не култура која ќе не’ стеснува.
Николовски ја гледа Македонија како логор, а Ковачевски ја гледа Македонија како место за сите луѓе со широки хоризонти. И тоа е, ми се чини, клучната разлика измеѓу тие и ние.
Македонија нема да биде логор. Македонија не смее да биде логор.
Објава на Фејсбук од Ненад Јовановиќ