ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Непостоечки говор на Киану Ривс се споделува на Фејсбук од 2016 година

August 12, 2022 20:20
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Актерот никогаш не одржал ваков говор, иако цитатот е споделуван нашироко и погрешно му се припишува нему. Наводниот говор од текстот што се споделува во овој пост на Фејсбук е од пред неколку години, кога овој цитат заедно со фотографија од актерот е презентиран на различни веб-страници на англиски јазик, иако тој никогаш не го кажал. Проверувачите на факти „Сноупс“, пишуваат дека цитатот не е на Ривс, туку е земен од фан-страница со неговото име на Фејсбук, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека актерот Киану Ривс одржал моќен говор, по што се наведува подолг наводен цитат од тој говор.

Го мразам овој свет каде што мажите ги облекуваат своите жени како проститутки, моќен говор на Киану Ривс, пишува во насловот од текстот.

Во самиот напис илустриран со фотографија од Ривс, пишува дека актерот мрази свет во кој жените не сакаат деца, а мажите не сакаат семејство, каде децата се сметаат себеси за успешни додека возат автомобил кој им го купил татко им и каде некој со мала моќ ги понижува сите други. Во текстот се вели дека еден од омилените актери ширум светот не е многу изложен во јавноста но кога ќе се обрати, неговите зборови се паметат долго

Еве дел од говорот на Киану Ривс кој го воодушеви целиот свет. Мразам свет во кој мажите ги облекуваат своите жени како проститутки, откривајќи се што треба да се скрие. Свет во кој нема концепт за чест и достоинство.

Каде што жените не сакаат деца, а мажите не сакаат семејство. Каде децата се сметаат себеси за успешни додека возат во автомобилот што им го купил татко им. Каде што некој со мала моќ ги понижува сите други.

Каде што лицемерите велат да веруваме во Бога со шише алкохол во раката и немање разбирање за религијата. Каде што скромноста се смета за маана. Каде што луѓето ја заборавиле љубовта и само гледаат како да имаат корист од својот партнер.

Каде момчињата во клубовите ги пијат парите на своите родители со примитивни звуци и одвратни гримаси, а девојките се заљубуваат во нив поради тоа. Каде што мажите и жените уште долго нема да се различни и каде сето тоа се нарекува слобода на избор. Јас едноставно не можам да го прифатам тоа. Избирам поинаква патека, пишува во текстот од наводниот говор на Киану Ривс.

Меѓутоа, актерот никогаш не одржал ваков говор, иако цитатот е споделуван нашироко и погрешно му се  атрибуира нему. Наводниот говор од текстот што се споделува во овој пост на Фејсбук, потекнува од пред пет – шест  години, кога овој цитат заедно со фотографија од актерот е презентиран на различни веб-страници на англиски јазик, иако тој никогаш не го кажал. Проверувачите на факти „Сноупс“, пишуваат дека цитатот не е на Ривс, туку е земен од фан страница со неговото име на Фејсбук.

Страниците на Фејсбук кои ги носат имињата на познати личости многу често им накалемуваат цитати што тие не ги кажале, со цел да придобијат поголем број на интеракции и следбеници и многу често не се менаџирани од самите актери или нивни тимови, туку од фанови. Атрибуцијата не беше само направена од таа страница, туку наводниот говор го имаше и на Јутјуб со видоизменета содржина. Кога ќе се погледне оригиналниот, нефалсификуван Јутјуб клип, се гледа дека Ривс говори на уметничка изложба во Швајцарија и не го кажува цитатот од постот што го рецензираме. Инаку, подоцна – во 2016 година, текстот стана популарен во групи со арапски јазик и групи поврзани со исламот. Цитатот се најде дури и на сајтот на пакистански весник на англиски јазик.

Но, не постои ниту едно видео, аудио или интервју во кое актерот зборува за тоа што е наведено во постот.

„Политифакт“ пишува дека оригинално постот постекнува од фан-страницата посветена на Ривс ,,Keanu Reeves-the actor” на која немало контакт информации. Во врска со ова публицистот на Киану Ривс, Шерил Маисел од агенцијата РМК-ВNC, изјави дека актерот нема поврзаност со таа страница.

Киану не учествува во никаква форма на социјалните мрежи. Оваа Фејсбук страница не е негова, изјавила таа за Политифакт и кажала дека страницата е отстранета по пријави.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит, актерот Киану Ривс нема одржано ваков морализаторски говор.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk