Руските трупи оваа ноќ извршиле 11 напади врз Краматорск, регионот Доњецк, пренесува Укринформ.
„Краматорск преживеа 11 ракетни напади оваа ноќ. Русите погодија приватни објекти. Според прелиминарните информации, оштетени се три станбени згради. За среќа, никој не е убиен или повреден“, објави на Фејсбук Павло Кириленко, началник на регионалната воена управа на Доњецк.
Покрај тоа, руските сили истрелале проектили кон Курахове, погодувајќи двокатна станбена зграда во центарот на градот, оштетувајќи приватни куќи и центар за култура, каде што спиеле внатрешно раселените лица. Никој од нив не е повреден, наведува Кириленко.
Како резултат нанападите, во градот избувнале пожари, а луѓето останале заробени под урнатините на уништените згради. Во моментов, една жена е извлечена од урнатините, а телата на двајца мртви мажи се извадени.
Кириленко уште еднаш подвлече дека Русите намерно удираат во цивилната инфраструктура, ги претвораат украинските градови и села во урнатини и го убиваат локалното население, па затоа е опасно да се остане во регионот. Шефот на управата ги повика луѓето да се евакуираат за да си ги спасат животите.