Единиците за противвоздушна одбрана на копнените сили на вооружените сили на Украина во текот на изминатиот ден уништија четири непријателски беспилотни летала Орлан-10 и јуришен авион Су-25 на исток, пренесува Укринформ.
„Во текот на изминатиот ден, единиците за противвоздушна одбрана на копнените сили на вооружените сили на Украина уништија четири беспилотни летала „Орлан-10“, од кои еден во ноќни услови, и еден јуришен авион Су-25 на истокот на Украина“, соопштија Здружените сили на Украина во објава Фејсбук.