ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ, Ковачевски и Рама на 1 септември го отвораат саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград

August 13, 2022 12:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Белград од 1 до 4 септември 2022 година ќе се одржи првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ кој се организира под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград.

Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ на едно место ќе ги собере мајсторите во производството на најдобрите вина и ќе го промовира Балканот како туристичка дестинација, неговата географија и богатство на винските сорти.

Во рамките на споменатата манифестација на Белградскиот саем се очекува да присуствуваат над 332 излагачи од 22 земји. Ќе се претстават 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи ќе дојдат од Северна Македонија. Покрај земјите-членки на Отворениот Балкан, се очекуваат изложувачи и од Хрватска, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Босна и Херцеговина и други земји.

„Винска визија на Отворен Балкан“ свечено ќе биде отворена на 1 септември од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, а за 2 септември планиран е и лидерскиот самит.

За време на Саемот посетителите ќе имаат можност да посетат различни тематски дефинирани сали и ќе можат да се едуцираат и да научат сè што сакаат да дознаат за историјата и потеклото на виното, процесот на производство, видовите на вино, конзумацијата и да ги вкусат и да купат некои од најубавите вина на Балканскиот регионот и светот.

Составен дел на „Винската визија на Отворен Балкан“ ќе бидат деловните состаноци на излагачите на вино, претставници на водечки трговски синџири и претставници на HORECA индустријата. Тоа исто така ќе биде можност за сите изложувачи дополнително да ја подобрат соработката, да ги поврзат регионалните вински и сродните индустрии, како и да ги зајакнат деловните партнерства и контакти. Дополнително, за време на Винската визија на Отворен Балкан ќе се одржи и Саем на храна на кој ќе бидат претставени сите најпознати гастрономски специјалитети од овој дел на Европа.

За време на четиридневниот настан ќе се организира меѓународно оценување на виното „Отворен Балкан-вински трофеј“. Вината ќе ги оценуваат 25 меѓународни вински судии од целиот свет, а меѓу нив ќе има дури петмина носители на титулата „Master of Wine“ која е најпрестижна титула во светот на виното.

„Отворен Балкан“ е економска и политичка иницијатива заснована на вредностите на Европската унија, во која членуваат три земји – Албанија, Северна Македонија и Србија. Идејата на оваа иницијатива е да обезбеди поголеми и подобри можности за трговија, размена на работници, студенти и знаење, како и поттикнување на понатамошна ЕУ интеграција, притоа промовирајќи ја богатата култура и традиции на трите земји.

Владата на Република Србија уште еднаш го изразува своето задоволство што Србија е домаќин на овој голем меѓународен саем, што е уште еден доказ за важноста на иницијативата Отворен Балкан, регионалната соработка и натамошниот развој на добрососедските односи. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025

Изложба „Beauty spot III“ на Иван Аџиевски

July 8, 2025

Кац нареди да се изгради камп за 600.000 раселени Палестинци во Појасот Газа

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk