Заедничкиот координативен центар во рамките на Црноморската иницијатива на ОН за жито, дозволи шест бродови да поминат низ поморскиот хуманитарен коридор во Црното Море, објави Гласот на Америка повикувајќи се на ЗКЦ, пренесува Укринформ.
Овие бродови треба да земат жито од Украина, која е блокирана од почетокот на руската инвазија во целосен обем.
Како што е наведено, два од овие пловни објекти – МВ Кафкам Етлер и МВ Зелек Стар – веќе се прегледани во Мраморното Море и можат да се упатат кон Чорноморск, регионот Одеса, за да се натоварат.
Бродовите MV Great Arsenal, MV Zumrut Ana, MV Ocean S, MV Kubrosliy по проверка ќе заминат за пристаништето Чорноморск.
Покрај тоа, во неделата, MV Star Laura беше прегледана и пуштена да тргне. Во саботата увид поминал М.В.Рахми Јагчи.
Според процедурите договорени од ЗКЦ, сите учесници во инспекцијата ја координираат работата со своите воени и други релевантни тела. Ова е неопходно „за да се овозможи безбедно минување на комерцијалните бродови во рамките на Црноморската иницијатива за жито“.
„Учесниците на Заедничкиот координативен центар нагласуваат дека внимателно ќе го следат минувањето на бродови со украинско жито низ поморскиот хуманитарен коридор“, се вели во соопштението.
Како што е соопштено, Украина, Турција и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на 22 јули во Истанбул на предлог на Обединетите нации ја потпишаа иницијативата за безбеден транспорт на жито и прехранбени производи од пристаништата Одеса, Чорноморск и Пивдени.
Бродовите што носат жито од Украина за извоз се заштитени со специјална тампон зона од 10 наутички милји (околу 18,5 км).
Превод: Ј. Ѓ.