пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ
За поддржувачите на Мицкоски и Апасиев единствен критериум при градење став за некое прашање е тој став да биде различен од ставот на СДСМ. Сопред тој критеирум се раководат сите. Почнувајќи од оние што кампираат за сладолед (од квалитетниот) и оние што се собираат на контра-протести (за секој случај), па се до некои универзитетски професори и академици од МАНУ. Титулите не се важни, образованието не е важно.
Вистината не им е важна и не ги интересира. Иднината на Македонија не ги интересира. Единствена идеја-водилка е опстојување на вештачката поделба на патриоти и предавници. Тоа е онаа нивна ‘инфузија’ што ги оддржува во живот. Секој што не мисли исто како поглавицата на племенската (партиската) заедница се прогласува за предавник.
И не е тоа единствен пример во светот. Истото се случува и во Северна Кореја, Белорусија, Иран, Венецуела, Авганистан, Сомалија итн. Константа за сите тие држави е ширењето параноја дека ‘ќе бидеме уништени’ од внатрешните предавници и од меѓународната заедница. Иста реторика, исти методи. Сè со цел да дојдат на власт (кога се во опозиција), или да останат на власт (кога државата е во нивни раце).
Нивното делување е штетно и опасно. За граѓаните, за државата. Ова е голем општествен проблем. И решение мора да се најде.