ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Тенковите за Украина се транспортирани и со нивната донација не се нарушува борбената готовност на Армијата

August 17, 2022 08:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тенковите кои се дел од трите одлуки за донација на воена помош и вооружување за Украина се транспортирани и со нивната донација не се нарушува борбената готовност на нашата Армија, информира министерката за одбрана Слајанка Петровска.

Таа, во Тема на денот на ТВ „Сител“, изјави дека Министерството досега од почетокот на агресијата врз Украина донесе три политички одлуки во Владата што се уште се класифицирани заради безбедносни прашања, меѓутоа многу скоро, на предлог на министерката ќе бидат декласифицирани и во соодветна форма ќе и биде соопштено на јавноста што точно е тоа што сме го донирале.

Петровска рече дека се работи за трета генерација неперспективна опрема, која за кусо време ќе требаше да биде предмет на уништување.

Појаснувајќи зошто се класифицирани, Петровска рече дека на почетокот сите земји кои донираа објавуваа транспарентно, но потоа следувала замолница тоа да не биде толку транспарентно поради безбедносни причини.

Кога ќе ја донесете одлуката и кога ќе ја дадете содржината што се донирате потоа следи процесот на транспорт на таа опрема. И тоа се разбира може во вакви околности да претставува и безбедносен ризик. Тоа е единствената причина заради која што сметавме дека во тој момент, рече Петровска.

Министерката појаснувајќи зошто донацијата не влијае на нашата Армија, нагласи дека во процесот на пристапување на нашата држава во НАТО правени се многубројни планови во однос на тоа каква ќе биде структурата на нашата Армија, но и за тоа што значи борбена готовност на нашата Армија и каков вид на вооружување ние треба да поседуваме.

Во тие планови, како што додаде, е предвидено точно кои капацитети ние ќе ги развиваме и во таа насока се направени и сите останати планови за модернизација на Армијата, но и долгорочниот план за развој на одбранбените способности.

Не треба да заборавиме дека откако сме земја членка на НАТО нашата безбедност ја делиме заедно со останатите земји членки и ние сме дел од колективниот систем на безбедност, заклучи Петровска.

Одговарајќи на прашање, Петровска најави дека ќе се набавуваат нови хеликоптери со западна патформа кои се мултифукционални и тоа е на линија на плановите за развој на одбранбените способности и капацитети на нашата Армија. Дополни дека освен оние шест оклопни возила кои беа испорачани во земјава, очекуваат испорака на уште 27 такви возила.

Во поглед на набавката на сисемот за противвоздушна одбрана, договорот е веќе финализиран, јас на почетокот на септември ќе одам во Париз на еднодневна посета и каде заедно со министерот за одбрана на Франција ќе го потпишеме овој договор. Останатите договори се во понапредна фаза, рече Петровска.

Next Post

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk