ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дел од Домот за доенчиња и мали деца во Битола станува детска градинка која ќе згрижи 80 деца

August 18, 2022 16:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска потпишаа Договор за соработка со кој двете страни се согласни да соработуваат и да делуваат во рамките на своите стратешки определби преку поддршка на активности од јавен интерес за унапредување, промоција и поддршка на политиките за развој на детската заштита, со цел да придонесат за зголемување на опфат на деца во детските  градинки.

Потпишувањето на Договорот за соработка предвидува адаптација на дел од објект на Дом за доенчиња и мали деца во Битола, во детска градинка која ќе биде во состав на ЈОУДГ ,,Мајски цвет“ – Битола, со капацитет од 80 деца, согласно програмата на Владата на Република Северна Македонија. За олеснување на финансиската реализација на овој проект двете страни потпишаа и Договор за групна јавна набавка.

Министерството за труд и социјална политика се обврзува од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2022 година да обезбеди средства за изведување на градежни работи и тоа 70% од вкупната вредност на проектот, додека пак Општина Битола учествува со 30%.

Министерката Тренчевска истакна дека потпишувањето на Договорот е уште една потврда за грижата кон најмладите во нашата држава, како и дека  ваквата инвестиција и е навистина потребна на Битола.

„Како министерство се залагаме за што поголема соработка со општините и унапредувањето на животот на граѓаните да доаѓа токму преку заложбите на локалните самоуправи. Детската заштита е високо на нашата агенда затоа се залагаме што поголем број на деца да бидат дел од предучилишното воспитание и образование. Затоа ги охрабрувам и другите општини да доставуваат проекти за изградба, доградба и адаптација на простори со цел зголемување на бројот на детски градинки,“  порача Тренчевска.

Како дел од вложувањата на Владата и министерството за труд и социјална политика, во детската заштита, министерката се осврна и на покачувањето на платите  на вработените во градинките за 15%, со што се потврдува грижата и за стручните кадри во градинките кои се задолжени за воспитанието на децата од предучилишно воспитание во нашата држава.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ги истакна заложбите на општината за зголемување на капацитетите за предучилишно образование, кои ќе одговорат на потребите на битолчани и намалување на листите на чекање за упис на деца во градинките.

„Потпишувањето на денешните договори е токму во таа насока, да се обезбеди капацитет од нови 80 места за деца од претшколска возраст. Преку овие два договори, практично, ќе обезбедиме подобра иднина за нашите сограѓани, овозможувајќи им згрижување на нивните деца во објект наменет за детска градинка,“ рече Коњановски.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата и Министерството за одбрана со максимална 100 процентна активна транспарентност според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk