ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: После 30 години развој и предизвици, денес Армијата е модерна и оспособена структура

August 18, 2022 19:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска ја предводеше владината делегација составена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик министерот за одбрана Башким Хасани, која по повод Денот на Армијата на Република Северна Македонија положи венци свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, и на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на армијата Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Нивите дела и заложби се наш аманет и нè задолжуваат да продолжиме да ја развиваме нашата земја во мир, градејќи просперитетна Северна Македонија, со европска иднина на која сите ќе бидеме горди, стои во Фејсбук објавата на вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ го честита Денот на Армијата на Република Северна Македонија, заблагодарувајќи се на припадниците на Армијата за нивната посветеност во извршувањето на сите зададени должности, за професионалниот и несебичен ангажман во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава, посочувајќи дека најважно е што Северна Македонија има обезбеден мир, стабилност и безбедност.

После 30 години развој и предизвици, денес Армијата е модерна и оспособена структура која со успех и високи оценки ги положи сите испити кои и беа поставени во процесот на евроатлантските интеграции. Денес македонската Армија рамноправно може да се носи со современите вооружени сили и партнери во најмоќниот воен сојуз – НАТО, стои во честитката на Маричиќ.

Според вицепремиерот, денешниот ден е и можност да се потсетиме на сите оние кои во различни периоди, често положувајќи ги своите животи на олтарот на слобода, ги поставија темелите на македонската државност.

Покрај владината делегација, венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, и на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на Армијата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, положија и делегации на Собранието, на министерството за одбрана, на Армијата на Република Северна Македонија, делегација од Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Сојузот на борците од НОВ, Сојузот на резервните воени старешини, како и делегација од кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Next Post

Османи: Намерно се пласираат лажни вести од страна на политички центри, предизвикаа емотивни реакции на решенијата од заедничката комисија

Shortcut

Најново

Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk