ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МЗШВ: Потпишан Меморандум за разбирање со УСАИД Проектот за развој на деловниот екосистем

August 19, 2022 17:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем потпишаа Меморандум за разбирање чија цел е ефикасна и координирана соработка при дизајнирање и спроведување на „Мерка 125“ од Националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој за периодот 2018-2022.

На потпишувањето беа присутни Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот на Проектот за развој на деловниот екосистем, Дејан Јаневски и претставникот на УСАИД одговорен за развој на земјоделството, Кристофер Доџ.

Иницијативата за изработување на „Мерка 125“ има за цел да го поттикне развојот на интегрирани синџири на снабдување, како механизам за обезбедување финансиска поддршка за вакви проекти. Со овој пристап се очекува подобрување на односите помеѓу земјоделците и преработувачите, подигнување на нивото на иновации во земјоделскиот и прехранбениот сектор, подобрување на перцепцијата на потрошувачите за локалните прехранбени производи и подобрување на конкурентноста на земјоделците преку нивно интегрирање во земјоделскиот и прехранбениот сектор.

Во изминатите месеци Министерството ја започна подготовката на правната рамка преку која ќе биде овозможено спроведувањето на Мерката 125, во согласност со генералните обврски и насоки на државата за прилагодување кон заедничката земјоделска политика на ЕУ. Преку оваа соработка, Министерството ќе ги дефинира конкретните критериуми и механизми на практично спроведување на Мерката, базирани на реалните потреби на земјоделско-прехранбениот сектор во Северна Македонија.

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем работи на трансформација на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Република Северна Македонија, преку зајакнување на деловните услуги, пристапот до финансии и вмрежување на локалниот екосистем. Со цел поттикнување на оддржлива промена во деловниот екосистем во Северна Македонија, Проектот од својот зачеток е во постојана соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како дел од иницијативата за подобрување на продуктивноста на млечната индустрија и полесен пристап до ИПАРД фондови, Проектот и Министерството остварија активна соработка со цел подобрување на координацијата меѓу Министерството и локалните општини.

Next Post

Нов пакет американска воена помош за Украина

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk