ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски-Шинко: Унапредување на соработката преку реализација на проекти од Акцискиот план

August 19, 2022 19:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој претстојува во посета на Словенија, оствари средба со словенечката министерка за земјоделство шумарство и храна Ирена Шинко со која разговарал за унапредување на билатералната соработка преку реализација на проекти од Акцискиот план за соработка меѓу двете министерства.

Текстот на Акциониот план за соработка 2021-2024 е потпишан во ноември 2021 година, за време на 15. Министерски состанок во Тирана и опфаќа активности за поддршка на здруженија на млади земјоделци, рурално кредитирање, словенечко искуство во кофинансирање на ИПАРД проекти, потреби за формирање гарантен фонд и имплементација на нови рурални кредитни модели, како и размена на практично искуство за примена на агроеколошки мерки, размена на искуства за воспоставување информациски систем за земјоделско знаење – АКИС и друга соработка.

Двајцата министри, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, размениле мислења и за стручната поддршка од Словенија во процесот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

– Република Словенија обезбедува значајна техничка поддршка за приближување на законодавството на ЕУ во областа на земјоделството и руралниот развој. Словенечки експерти и консултантски фирми учествуваа во голем број проекти финансирани од ЕУ во рамките на ИПА и Твининг проекти и други проекти од донатори (ФАО). Исто така, Република Словенија обезбедува значителна поддршка и во рамките на Билатералната програма за Северна Македонија, преку која беа спроведени голем број активности насочени кон зајакнување на административниот капацитет на македонските институции (МЗШВ, Платежна агенција, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, итн.), се наведува во соопштението од МЗШВ.

Министерот Николовски ќе учествува и на 60. издание на Меѓународниот саем за земјоделство и храна AGRA FAIR 2022, што се одржува во Горна Радгона.

Во рамки на саемот, Северна Македонија ќе има организирана презентација на национален изложбен простор од областа на земјоделството и економијата. Ќе бидат презентирани и можностите за инвестирање во развој на бизниси, особено продлабочување на соработката со Словенија, но и соработката со соседните земји и земјите од регионот./МИА/

Next Post

Отворен повик за избор на странски експерти за надворешна евалуација на високообразовните институции и студиски програми во РСМ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk