ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) Зеленски: Ние можеме и мораме да размислуваме само за тоа како да победиме

August 19, 2022 13:03
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нема друга алтернатива, мора да вратиме се што е наше и да гарантираме безбедност за сите идни генерации во Украина, вели во своето обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Нагласува дека вчера имал преговори со Генералниот секретар на ОН Гутереш и со Претседателот на Турција Ердоган.

„Прво. Нема објективни пречки за да се спречи мисијата на МААЕ да стигне до нуклеарната централа Запорижја. Денес, г-дин Гутереш и јас разговаравме за параметрите на оваа мисија и за тоа дека таа може многу брзо и сосема безбедно да стигне до станицата на легален начин преку слободната територија на нашата држава. И само така.

Оној што организираше нуклеарна уцена дефинитивно не може да биде „транспортер“ на какви било такви мисии. Русија треба веднаш и безусловно да дозволи претставници на МААЕ да влезат во станицата, а исто така веднаш и безусловно да ги повлече своите трупи од територијата на станицата. Светот има моќ да го обезбеди тоа.

Ако не обезбеди, тоа значи дека може едноставно да се фрли во ѓубре целиот корпус на меѓународни документи за нуклеарна и радијациона безбедност. Русија го уништува овој меѓународен поредок.

Втората исклучително важна точка од преговорите се украинските затвореници кои ги држи Руската Федерација“, вели Зенески.

Тој го повикал Генерален секретар да ги искористи сите можности на ОН да обезбеди почитување на со сите норми на меѓународното право во однос на затворениците во Русија. И, како што вели, разговарале за испраќање мисија за утврдување факти во Оленивка. Целосната вистина за овој руски терористички напад мора да биде и ќе биде утврден, нагласува Зеленски.

„Зборувавме и за иницијативата за извоз на жито. Резултат има – и не само за Украина, туку и за светот, бидејќи се чувствува дека сериозноста на глобалната криза со храна се намалува.

Затоа, има голема потреба од поголема безбедност, поголем обем на извоз, повеќе бродови кои можат да испорачуваат украинска храна од нашите пристаништа.

Денес имаше многу суштински преговори за многу теми со Претседателот на Турција, Ердоган. Благодарен сум му за постојаната поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава. Разговаравме за одбранбената, економската и енергетската соработка.

Ѝ благодарам на Турција за нејзината подготвеност да го преземе под покровителство обновувањето на Харкив и Харкивската област. Ова е мисија за една навистина моќна земја. Денес беше направен првиот чекор – потпишан е договор за инфраструктура“, истакна Зеленски.

Тој исто така ги повикува турскиот Претседател и Генералниот секретар на ОН да изразат најстрога можна позиција во однос на планираните псевдореферендуми на Русија на окупираната територија. Секој псевдореферендум ќе биде шлаканица на меѓународната заедница, вели Зеленски.

„Беше исклучително тешка ноќ во Харкив – загинаа повеќе од десет луѓе. Миколајив и Запорижја повторно беа гранатирани. Руската армија троши огромни ресурси за да освои барем уште еден километар во Донбас. Руските власти ги повторуваат заканите за Одеса и другите градови во Украина. Гледаме што се случува во АЕЦ Запорижја. Гледаме што се случи во Оленивка.

Ние можеме и мораме само да размислуваме како да победиме. Да победиме на бојното поле, на политичкиот фронт, во информациската пресметка, на економскиот план, секаде…

Ние веруваме во себе, си помагаме, ги штитиме интересите на Украина и знаеме дека ќе има мир.

Тој што се бори и се бори интелигентно, извојува победа“, потенцира украинскиот претседател во своето обраќање.

Подготви: Ј. Ѓ.

Next Post

Во Центар Жупа на ови локални избори има само еден кандидат за градоначалник, во Маврово и Ростуше двајца кандидати

Shortcut

Најново

Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk