„На вчерашните избори вкупно:
СДСМ и коалиција: 2 градоначалници + 2 советници.
ВМРО – ДПМНЕ: 0 градоначалници + 4 советници.
Левица: 0 комплетна“, напиша Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ на Фејсбук.
„Во Центар Жупа имаше 1 кандидат, но таа беше стратегијата на ВМРО – ДПМНЕ, да направи се за да нема цензус од 33.33%. Затоа и немаа кандидат, бидејќи проценија дека секако ќе изгубат и одеа на бојкот, но не проценија дека ќе успееме во цензусот и победата.
Маврово – Ростуше е директна борба помеѓу 2 кандидати, гради во гради, СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ. Кандидатот на Мицкоски е член на Извршен Комитет на партијата (највисокото тело). СДСМ обезбеди и цензус и убедлива победа иако пола пратеничка група и раководство на ВМРО – ДПМНЕ беа редовно на терен па дури и членови на избирачките одбори (на само гласачко место) на денот на гласање
Во Тетово победи БЕСА, второ место е ДУИ, трето е ВМРО – ДПМНЕ, четврто СДСМ. Соодносот помеѓу советниците остана ист (СДСМ со ВМРО – ДПМНЕ). Разликата е намалена од претходните избори, дури и со неколку коалициски партнери на СДСМ кои одлучија да настапат самостојно и да одлеат гласови од “купот”. Пад на гласови има и кај ВМРО – ДПМНЕ и кај СДСМ.
Заклучоци и факти:
СДСМ и коалицијата победи во 2 општини кадешто се бираше градоначалник.
Поразот на ВМРО – ДПМНЕ и Левица и нивниот пад на гласови укажува дека национализмот и лажниот патриотизам не вродиле со плод.
Се потврди дека анкетите на ВМРО – ДПМНЕ (води 2:1) се лажни и комплетно неточни.
Граѓаните сакаат европска Македонија и европски општини.
Ковачевски го победи Мицкоски на првото изборно соочување“, образложи Богоев.