ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска во Битола за „Браќа Манаки“: Најстар фестивал во светот посветен на уметноста и љубовта кон кинематографијата

August 21, 2022 11:17
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

-Овој фестивал е прв, оттаму и најстар фестивал во светот посветен на уметноста и љубовта кон кинематографијата. Во Битола, на овој фестивал, дојдоа многу познати имиња, но и од Битола заминаа многумина кои потоа станаа познати, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 43. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки” во Битола.

-И вечерва, ми навираат спомени од детството кога со нескротлива љубопитност исчекувавме која ѕвезда ќе ни дојде во градот. А дојдоа многу, и со самото доаѓање донесоа празнична атмосфера во чест на Јанаки и Милтон Манаки – први на Балканот, меѓу првите во Европа. Таква е Битола. Ќе ве дочека со срце, ќе ве испрати со благослов, и со надеж дека ќе и се вратите. Зашто во Битола се роди првиот филм на Балканот, меѓу првите во Европа, рече министерката.

Костадиновска-Стојчевска на наградените им честиташе и истовремено им посака да останат „опседнати со светлината“ како што биле браќата Манаки кои на човештвото му оставија историски филмски и фотографски записи од драматичната прва половина од 20. век.

– Уметноста секогаш е убава вест.  А летово, како низа од уникатни бисери, се нижат престижните – „Охридско лето“, „Браќа Манаки“ и „Струшки вечери на поезијата“. Оваа низа, со сиот сјај и низ сите жанрови, нė потсетува на величествената улога на уметноста со која сме почестени, додаде таа.

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Започна во 1979 година на иницијатива на еден од главните основачи – Друштвото на филмските работници на Македонија (кое годинава ја одбележува и својата 65-годишнина), а во соработка со градот – домаќин Битола и Кинотеката на Северна Македонија.

Основан е во чест и како инспирација од пребогатиот фотографско-филмски опус на браќата МАНАКИ: Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964, кому воедно годинава му одбележуваме и 135 години од раѓањето). Со тоа природно биле удрени темелите на идниот фестивал, во градот под Пелистер, Градот на конзулите – Битола, каде што браќата Манаки имале фотографско студио и кино.

На почетокот замислен како „Манакиеви средби“, а потоа и Фестивал на филмската камера на eксјугословенските кинематографери, фестивалот растеше со голем потенцијал, а по независноста на Република Македонија, прогласена на 8 септември 1991, прерасна во Интернационален фестивал на светските кинематографери, чии играни филмови се во конкуренција за трите фестивалски награди: Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.

Така, Битола стана мека на најдобрите светски директори на фотографија, откривајќи многу нови таленти кои денес важат за врвни уметници на филмската фотографија и кинестетика, закитени со наградите на нашиот фестивал, а паралелно овенчани и со славата на оскаровците кои низ годините шетаа по улиците на Битола, која ја сметаат за свое уметничко гнездо.

Покрај плејадата лауреати на наградите од Официјалната конкуренција-КАМЕРА 300, фестивалот „Браќа Манаки” е горд и на својот КЛУБ НА ВЕЛИКАНИТЕ, во кој влегуваат најголемите светски мајстори на филмската камера/фотографија, кои станаа добитници на двете почесни врвни награди: „Златната камера 300“ за животно дело и „Специјалната Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност”.

Од 2013 година е воведена и наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмските работници на Македонија.

Next Post

Пожар во кругот на Цементарница Усје во Кисела Вода

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk