ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) Зеленски: Не се можни преговори ако Русија организира шоу судење на заробените украински војници

August 22, 2022 12:05
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нема да бидат можни преговори со Русија доколку таа организира ревијално судење на заробените украински бранители, истакнува во обраќањето украинскот претседател Володимир Зеленски.

„Започнува 180-тиот ден од нашата одбрана и нова недела. Не можеа ни да замислат дека ниту сега, по шест месеци ваква брутална војна, ќе ја славиме нашата независност на нашата земја и во нашиот главен град. Но, тоа е така. Ова е наша земја. Ова е нашата независност, која никој не може да ја скрши и никој не може да ја одземе. И знаете дека е така. Сите во Украина го чувствуваат тоа. 180 дена – речиси шест месеци – апсолутното мнозинство од нашиот народ не се сомнева дека ќе ја постигнеме победата на Украина“ вели Зеленски.

Тој нагласува дека Украинците се обединети, и дека сега се посигурни отколку многу децении претходно.

„Една од главните цели на руските терористи е да  удираат по чувствата на Украинците, по раните во душите на нашиот народ, исто како и по нашите градови… Тие удираат сурово, цинично. Но, со друго оружје. И не само со пропаганда, не само со лаги. Измачувањето на луѓето, сите оние кои ги трпат најголемите болки, најголемите тешкотии, е едно од ужасните средства за притисок, што стана секојдневие за Русија“, вели Зеленски.

Издвојува дека има доволно информации во медиумите дека во Мариупол се подготвува сценографијата за, како што вели, апсолутно одвратно и апсурдно шоу судење на украинските бранители кои се заробеници на окупаторите.

„Што и да мислат окупаторите, што и да планираат, реакцијата на нашата држава ќе биде апсолутно јасна. Ако се случи ова одвратно шоу судење, ако нашите луѓе се доведат во оваа сценографија со кршење на сите договори, сите меѓународни правила, ако има злоупотреба… Ова ќе биде линијата по која се невозможни никакви преговори. Русија ќе се отсече од преговорите. Нема да има повеќе разговори. Нашата држава кажа се.

Сите партнери на Украина се информирани за што може терористичката држава да подготви оваа недела.

Денеска разговарав со претседателот Макрон за сите закани. За сето ова информиран е и претседателот на Турција Ердоган. Сигурен сум дека ќе реагира и генералниот секретар на ОН. Тие и другите светски лидери добија соодветни сигнали од нас. Секој разбира сè. Тие разбираат што прават окупаторите и што се заканува. И тие разбираат дека Украина нема да го толерира ова. Нема да толерира мачење на луѓе за кои може да се каже само едно: тие се херои на својата татковина, тие ја бранеа слободата на својот народ од освојувачите на нивната земја.

Дури и во време на војна, мора да има правила. Моќта на светот е дефинитивно доволна за да ја доведе секоја држава, кој било терорист под власта на овие правила.

Па, сите ние – сите Украинци – мора да запомниме една работа: без разлика на се, нашата цел е победа“, потенцира Зеленски во обраќањето..

Next Post

Украинците вчера собориле еден руски хеликоптер Ка-52 и седум беспилотни летала

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk