Нови 252 случаи на КОВИД-19 од 867 направени тестови се регистрирани во последните 24 часа. Од вкупниот број позитивни, 59 се реинфекции.
Во изминатото деноноќие нема починати лица, а согласно Регистарот на умрени со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ регистрирани се пет починати лица – по две од Скопје и од Прилеп и едно од Охрид, на возраст од 59 до 90 години. Сите починале во болнички услови во период од 18 до 24 август 2022.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, 127 од новозаразените се од Скопје, Кавадарци – 14, Куманово, Битола и Охрид имаат по 12, Велес – 10, Прилеп – осум, Тетово – седум, Гостивар и Кичево имаат по пет новодијагностицирани, Штип, Кочани и Демир Хисар по четири, Струга, Гевгелија, Делчево и Виница по тројца, Струмица, Неготино, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка и Богданци по двајца и по еден нов случај на коронавирус имаат Пробиштип, Кратово, Крушево и Демир Капија.
Регистрирани сe 426 оздравени пациенти: Скопје – 202, Охрид – 25, Битола – 24, Куманово – 18, Кавадарци – 15, Велес – 14, Штип и Кочани по 13, Прилеп – 12, Гевгелија и Струмица по 11, Струга – 10, Тетово, Гостивар и Крива Паланка по осум оздравени, Кратово – пет, Кичево и Неготино по четворица, Делчево, Виница, Ресен и Берово по тројца, Радовиш, Дебар и Пехчево имаат по двајца оздравени и по еден – Свети Николе, Крушево и Демир Капија.
Бројот на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата во земјава е 339 492 од
вкупно 2 147 514 тестирања. Оздравени се 327 780, починати 9473, а активни случаи има 2239.