ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Проекции на македонскиот туризам за 2023 година: Повеќе од 3,2 милиона ноќевања и над 430 милиони долари прилив

August 26, 2022 12:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку 3,2 милиона ноќевања и над 430 милиони долари прилив од туристичката индустрија, се целите и мисијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) за 2023 година.

АППТ најавува многу нови проекти, национална кампања на Јутјуб и Гугл, туристичко брендирање на земјава како дестинација, патно означување на туристичките атракции, брендирање на граничните премини, дигитализација, како и градење на платформата Е-туризам.

Како што рече денеска директорот на АППТ Љупчо Јаневски, напорите се насочени кон создавање нов концепт на туризмот со прераснување на Агенцијата во национална туристичка организација (НТО) и креирање услови за третирање на туризмот како во земјите од „Отворениот Балкан” и Европа –  на ниво на министерство, со зголемени ингеренции во делот на формирање туристичка инспекција и туристичка полиција.

Реорганизацијата, смета Јаневски, ќе овозможи креирање законски подобрувања, нивно имплементирање и конкурентност со земјите од „Отворен Балкан” кој создава пазар од 11 милиони домашни туристи.

Туризмот не познава територијални граници, туку само дестинации, а тие се протегаат до каде што туристите имаат интерес да патуваат и истражуваат. Концептот на „Отворен Балкан” е со отворени можности за сите држави кои ја споделуваат оваа економска визија, која ќе создаде конкурентна дестинација во многу аспекти од туристичката индустрија. Градејќи ги мостовите со регионот за брзо патување преку т.н. зелени зони, треба да размислуваме за нови инвестиции, технологии и дигитализација, промотивни активности и намалување на сезоналноста, изјави Јаневски.

Осврнувајќи се на планираните проекти со кои, како што рече, јасно ќе стартува развојот на руралниот туризам, Јаневски како клучни ги „ 50 села, 50 приказни“, „ 5 рути за верски туризам“ и „истражи го македонското рурално богатство – истражи, вкуси и сликај“.

Во однос на актуелните состојби и кризи, директорот на Агенцијата оценува дека закрепнувањето на туризмот треба да биде зелено.

Неоопходно е искористување на обновливите извори на енергија и зачувување на животната средина со цел развој и практикување на одржливи форми на туризам, подвлече Јаневски.

Тој објасни и дека Е-платформата значи информациски систем за дигитализација кој интегрално ќе ги поврзува целиот туристичко-угостителски сектор, јавните и државните институции во земјава.

Платформата би претставувала централно место за евиденција на давателите на туристички услуги и туристи како и управување со нивните податоци. Сега е нашето време, времето на македонскиот туризам и неговата одржливост, порача Јаневски.

Очекувањата на туристичкиот сектор до 2025 година се четири милиони ноќевања и девизен прилив од 500 милиони долари.

Next Post

Јаневски: „Отворен Балкан” создава пазар од 11 милиони домашни туристи

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk