Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
„Знам дека во време кога поголем дел од светот ја обвинува Путинова Русија за агресијата врз Украина, оваа вест некои и кај нас ќе ја доживеат како непријатно изненадување… Па сепак, Руската православна црква се смета за најмоќна во православниот свет. Признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на РПЦ има посебно значење. Не е ли тоа причина некој од световните власти во Македонија да се огласи барем со една реченица благодарност?“
Пишува кој?
Кикифрики, драги мои, Кикифрики.
Може ли тој човек да напише нешто што не е грешно?
Очигледно-не!
Така и со овој апел некој од световните власти во Македонија да се огласи барем со една реченица благодарност.
Не, Кикифрики, и световните власти и црковните треба да го одбијат гестот на РПЦ и да кажат дека додека трае агресијата врз Украина, разорувањата на цели градови, секојдневни убиствата на илјадници луѓе и протерувањето на милиони, економските и социјални импликации во Европа и егзистенцијалните импликации во други делови од светот (храна) МПЦ-ОА и Северна Македонија сметаат дека е богохулно дело да се прими признанието од една црква која го оправдува и подржува неверојатното страдање на украинскиот народ. И на Руските кои исто така гинат, но, пред се на украинскиот народ кој е жртва на руската беспричинска агресија.
Режимот во Москва е во грчевита потрага по сојузници или макар симпатизери или макар субјекти кои тие ги прогласија за непријатели, а сега се надеваат дека можат да ги привлечат.
Кикифрики дури се повикува на „светот кој ја обвинува Путинска Русија за агресија врз Украина“.
Што е алиби за неговиот став кој кога не би бил пропутински не би имал потреба од вакво дистанцирање.
Јас мислам дека Русите би требало да се задоволат со Јанкота, Кикифрикита, Апашот, вмро-дпмне, женскиот оркестар и толку. Малку ли се тоа руски пријатели од Македонија. Башка се инатиме, не се даваме, неќеме во Европа, неќеме да нѐ асимилираат и бугаризираат, што повеќе Москва може да сака од нас?
Само Кикифрики вреди како цела Беларусија сосе Лукашенко.
Ало, Владимир, вот красавец, ета самој лучшиј хубавец на сеславенскај територии между Јекатерингбурга и Титова Велеса.
Текстот е личен став на Авторот.