ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинците во офанзива за ослободување на Херсон, руската пропаганда веднаш ја прогласи за неуспешна, немирно и на источната линија на фронтот

August 29, 2022 23:31
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинската армија објави дека започнала офанзивни операции во повеќе области вдолж линијата на фронтот во регионот Херсон во јужна Украина, сигнализирајќи го почетокот на широката и долгоочекуваната контраофанзива чија цел е враќање на територијата окупирана од Русија, објави Њујорк Тајмс, пренесе Цивил Медиа.

Борбите по должината на линијата на фронтот нагло ескалираа во понеделникот, според украинските воени и цивилни власти, а украинската влада изјави дека нејзината армија „ја пробила првата одбранбена линија на окупаторот во близина на Херсон“.

Украинската војска, исто така, во понеделникот изјави дека погодила и уништила голема руска воена база зад руските линии во регионот Херсон. Њујорк Тајмс нагласува дека во моментов не е возможно да се верификуваат извештаите и изјавите што доаѓаат од фронтот.

Низ регионот Херсон – чиј главен град беше првиот голем град што падна во рацете на руските сили откако Путин ја нападна Украина во февруари – електричните мрежи беа во прекин среде борбите во понеделникот, а руските медиуми објавија евакуација од градовите во областа, се вели во извештајот на Њујорк Тајмс.

Наспроти овие вести, руската пропаганда побрза да објави дека украинската офанзива за ослободување на окупираните територии доживеала неуспех. Овие тврдења на руската пропаганда беа лансирани веќе по првиот час по интензивирањето на борбите по должината на јужниот фронт во Украина.

Украинските напади врз руските сили на југот од земјата, околу Миколаив и Керсон, започнаа во понеделникот „по директна наредба“ на претседателот Володимир Зеленски, изјави портпаролката на јужната команда на Украинската армија, Наталија Хумениук, во интервју за ТВ Дожд, кој емитува програма на руски, објави Вашингтон Пост. Електронското издание на весникот објави и вести за два артилериски напади на руските сили во областа на најголемата атомска централа во Европа, Запорижија, врз основа на изјавите на локалните власти.

Вашингтон Пост ги пренесува информациите и од Институтот за студии на војната, за помали напади на руските сили во источниот дел на Донецк, вклучително и напади во Словјанск и Бахмут, каде што загинале осум лица во нападите на цивилни цели. Според Укринформ, украинските сили успеале да ги одбијат руските напади и да ги принудат на повлекување.

Next Post

Добитниците на највисоките признанија на СВП на прием кај претседателот Пендаровски

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Гвинет Палтроу за поранешните љубови: Бен Афлек технички одличен, Бред Пит љубов на животот

January 7, 2026
Апсење на Николас Мадуро и геополитички последици по падот на Мадуро

Падот на Мадуро и скриениот губитник: Која држава ќе ја плати највисоката цена

January 7, 2026
Илустрација Фротнлајн, генерирано со ВИ

Божиќ – празникот на Христовото раѓање и зошто православните го слават на 7 јануари

January 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk