Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА
Во видеото што кружи по социјалните мрежи, наводно, некој руски платеник, за кој велат дека се вика Игор Мангушев со прекар Берег, се наоѓа на сцена, а во рацете, според објавата и според зборовите на протагонистот во видеото, држи „череп на убиен украински војник кај Азовстал“.
Russian mercenary Igor Mangushev (Bereg) made a performance with the skull of a Ukrainian soldier killed near Azovstal.
In his speech, Mangushev said that Russia is at war with the Ukrainian idea, so all Ukrainians must be killed.
Still think trading with Russia is a good idea? pic.twitter.com/qpnWS5JCeV
— Денис Казанський (@den_kazansky) August 28, 2022
Го објавувам линкот затоа што наративот во видеото е 100% идентичен со целокупниот руски државен наратив со нескриени закани со геноцид на сите Украинци. Почнувајќи од самиот Путин и тие околу него, како Медведев, завршувајќи со хистеричниот Соловјев, заедно со извештаите од боиштата, светот сведочи за крволочна и вараварска војна, заснована на тој наратив.
Во ова видео се слушат истите наративи и закани за истребување на целата украинска нација што ги слушаме од руските лидери и креатори на јавното мислење.
Руската пропаганда ги дехуманизира Украинците и го негира нивното постоење. Нивниот наратив ја оправдува војната за истребување на сите Украинци, без оглед на тоа дали се мажи способни за војна, деца, жени или возрасни луѓе.
Вака не се победува во војна. Но затоа вака се губи војна и се завршува на најмрачните страници во историјата на човештвото.