ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи – Шаленберг: Силна и конзистентна австриска поддршка на европските интеграции на нашата земја

September 1, 2022 18:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи,  денеска за време на работната посета на Виена, оствари билатерална средба со сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг.

На средбата, како што соопшти МНР, беше изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји како и заемните заложби за натамошно зацврстување на пријателските и силни врски со акцент на економијата како еден од столбовите на односите на нашите две земји, изразувајќи надеж дека Австрија ќе продолжи и во иднина да претставува еден од најзначајните странски инвеститори во нашата земја.

Министерот Османи упатувајќи благодарност за силната и конзистентна австриска поддршка на европските интеграции на нашата земја, информираше за најновите внатрешно политички состојби во Северна Македонија, како и за претстојните активности кои нашата земја треба да ги преземе во светло на процесот на пристапни преговори со Европската Унија.

Министерот Шаленберг изрази големо задоволство од отпочнатите преговори и ангажманот на Северна Македонија за деблокирање на процесот, упатувајќи порака дека неговата земја останува силен поборник за членство на сите земји од Западен Балкан во Европската унија.

На средбата беа разменети мислења и за руската инвазија врз Украина, заемно осудувајќи ги руските воени дејствија. Во овој контекст, министерот Османи истакна дека Северна Македонија останува конструктивен партнер на ЕУ во одговор на кризата.

На средбата се дискутираше и за унапредување на мултилатералната соработка, со посебен акцент на претстојното претседавање на нашата земја со ОБСЕ во 2023 година.

Next Post

Ковачевски и Абазовиќ на македонскиот штанд на „Винска Визија на Отворен Балкан“

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk