ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Насилството е често или постојано присутно во училиштата, потврдуваат 62,7 отсто анкетирани средношколци

September 6, 2022 12:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дури 62,7 проценти од учениците потврдуваат дека насилството е често или постојано присутно во училишната средина. Најголем број од нив го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо. Според учениците, во висок процент е присутно психичкото и сајбер насилството, покажуваат наодите од истражувањето на тинк тенк организацијата „Аналитика“ спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици од три средни училишта  во Скопје со мешан етнички состав – „Здравко Цветковски”, „Зеф Љуш Марку“ и „Шаип Јусуф”.

Наодите од истражувањето даваат поразителна слика за тоа колку и во каков облик се јавува насилството. Високи 70 проценти од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои незнаењето кому да пријават или како да пријават, а да останат аноними пријавувачи, наведува „Аналитика“.

На прашањето „Дали сметате дека наставниците посветуваат доволно време за едукација на ученииците за превенција и справување со насилството“, висок процент, односно 82,3 отсто од учениците, одговориле дека наставниот кадар посветува најмногу време на ваква едукација.

Речиси во сите училишта постои кодекс на однесување, како и кодекс за постапување при насилство. Но сепак, посочува „Аналитика“, не е препознаен или не им е презентиран на учениците на начин на кој би требало.

Кај 43 проценти од учениците доминира одговорот дека насилството е најчесто прекинато од страна на наставниците во училиштето, што посочува на важноста на улогата на наставниот кадар во креирањето безбедна училишна средина, се наведува во истражувањето.

Бојана Мијовиќ-Христовска од „Аналитика“ кажува дека согласно истражувањето, високи 83,6 отсто покажуваат дека девојчињата се почести жртви на родово базираното насилство во училиштата.

Родово базираното насилство како и родовата рамноправност се уште претставуваат една од најгорливите теми во нашата заедница, па и во училиштата. Кога зборуваме за нашето општество, можеме и да додадеме дека родово базираното насилство се третира како табу-тема, отсуствува едукација, како и помош и поддршка на младите девојки, вели Мијовиќ-Христовска.

Тамара Мијовиќ-Спасова од „Аналитика“ смета дека за да се спречи насилното однесување на учениците, особено е важна континуираната и здрава соработка помеѓу родителите и училиштата.

Од добиените одговори забележуваме дека 60 отсто од учениците посочуваат на ниска соработка и вклученост помеѓу родителите, наставниците и стручните служби во училиштата. Родителите се најмногу заинтересирани за успехот на нивните деца, а многу помалку за училишната клима и вонучилишните активности кои имаата цел да ја поттикнат креативноста на учениците, да развијат вештини кај нив и да создадат безбедна и здрава околина, смета Мијовиќ-Спасова.

Од „Аналитика“ посочуваат дека образовниот систем, односно училиштата, се исклучително важни во процесот на препознавање и пријавување на случаите на насилство, каде може рано да се открие насилството врз децата, со цел негово спречување. Важно е да се воспостави отворен и коректен однос помеѓу учениците, наставниците и родителите бидејќи тоа помага во намалување на насилството во училиштата.

Спасова додава дека е потребно на учениците да им се овозможи да учествуваат во донесување на правилата во училиштето, бидејќи и на тој начин тие ќе партиципираат и подобро ќе ги разберат и почитуваат.

Потребно е стручната служба да работи на развој на конкретни програми за подигање на свесноста за постоење на насилството, на многу повисоко ниво. Потребна е едукација на учениците за превенција од насилство, што ќе придонесе во намалување на насилството во училиштата. За таа цел, клучно е континуирано да се вложува во личниот и професионалниот развој на наставниот кадар и стручните служби во училиштата, со цел тие да стекнат и развијат поголеми вештини и компетенции кои би придонеле во креирањето на подобра училишна клима, наведува „Аналитика“.

Истражувањето е изработено во рамки на проектот „Развој на култура на мир и превенција на насилство, како основни вредности во образовниот систем во Република Северна Македонија”, што го спроведува „Аналитика“ – Скопје, со финансиска поддршка од Амбасадата на Канада за Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

Next Post

Регионална конференција: Нулта толеранција кон дискриминацијата е обврска на целото општество

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk