Во текот на изминатиот ден, украинските бранители елиминираа 83 руски војници и уништија значителна количина воена опрема и три складишта за муниција, информира Оперативната команда Југ, пренесува Укринформ.
„Ситуацијата во оперативната област на јужна Украина е напната и динамична. Непријателот продолжува да води одбранбени битки и подмолно гранатирање на населени места и долж линијата за контакт и во нашите задни области. Окупаторите имаат засилено воздушно извидување. Во областа Миколаев беше соборен еден таков шпионски дрон од типот Орлан-10“, се вели во извештајот.
„Обидувајќи се да го задржи окупираното тло, непријателот уште еднаш ја искористи тактиката на воздушни напади во правец на Билохирка, Костромка, Сухи Ставок и Безимен, „што скапо ги чинеше бидејќи изгубија јуришен авион. Су-25 беше „приземјен“ пред предвиденото од нашите противвоздушни ракетни единици“, соопшти украинската војска.
Како што известуваат, руските загуби во областа во изминатиот ден вклучуваат 83 војници, пет главни борбени тенкови, 12 хаубици Msta-B и Msta-S, три Hyacinth-B и три оклопни борбени возила. Уништени се и три магацини за муниција – во Хола Пристан, Томина Балка и Снихуривка.
„Непријателската поморска група продолжува со маневрите долж брегот на Крим во ракетно безбедни области без значителни промени во бројот и задачите. Во подготвеност се два ракетни носачи опремени со 16 крстосувачки ракети Калибр“, објави Оперативната команда.
Заклучно со 6 септември, бројот на загинати руска војска во Украина достигна 50.150, соопшти украинската војска.