ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата одлучи: Најмногу до 10 проценти маржа за вршење трговија на пазарот на струја

September 9, 2022 15:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната 80-та седница, Владата донесе Одлука за посебни услови за трговија на одделна стока, според која се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата на пазарот со електрична енергија.

Највисоката трговска маржа на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо и на мало се утврдува во висина најмногу до 10 проценти донесе Одлука Владата.

.Трговската маржа за учесниците на пазарот на електрична енергија ќе се пресметува на просечната цена на електрична енергија за МWh од Унгарската берза за електрична енергија (HUPX) на дневно односно часовно ниво, на цената на електрична енергија за МWh во билатералните договори и цената на електрична енергија за МWh во договорите за снабдување со електрична енергија.

Највисоката трговска маржа на електричната енергија во висина најмногу до 10%, ќе се применува до 15 април 2023 година.

Одлуката се донесува за да се заштити од нарушување домашниот пазар и да се избегне злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки и на предлог на Министерството за економија потребно е да започне да се применува пред отпочнување на грејната сезона.

Во опфатот на пазарот на електрична енергија се вклучени пазарот на електрична енергија на големо и пазарот на електрична енергија на мало согласно Законот за енергетика.

Пазарот на електрична енергија на мало ја вклучува купопродажбата на електрична енергија помеѓу снабдувачите со електрична енергија и нивните потрошувачи кои не се учесници на пазарот на електрична енергија на големо.

Пазарот на електрична енергија на големо вклучува: пазар со билатерални договори, организиран пазар и тоа пазар ден однапред и пазар во тековниот ден и пазар на балансна енергија.

Учесници на пазарот на електрична енергија на големо се: производителите на електрична енергија, трговците со електрична енергија, снабдувачите со електрична енергија, потрошувачите на електрична енергија што ги исполнуваат условите за самостојно учество на пазарот пропишани во правилата за пазар на електрична енергија, операторот на електропреносниот систем, операторот на електродистрибутивниот систем, операторот на затворениот електродистрибутивен систем и операторот на пазар на електрична енергија.

Next Post

Брат за 3.000 евра договорил присилен брак за малолетната сестра, притворени четири лица

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk