ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Повеќе од 75 отсто од граѓаните се против референдумот од Мицкоски

September 9, 2022 14:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија е препознаен од сите граѓани и над 75 проценти се против иницијативата за одржување референдум за неговот поништување, покрената од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ова денеска го изјави поранешниот премиер и потписник на Договорот, Зоран Заев,одговарајќи на новинарски прашања на маргините на Конференција: „МКБГ2023: Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво“, на која свечено му беше доделена титулата почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causa) на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, пренесува МИА.

Тоа е препознаено од сите граѓани, над 75 проценти се против ваквата иницијатива за референдум, а другите 25 отсто ги има бидејќи тоа се членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во светот нема да најдете никаде некој кој би бил против пријателство, добрососедство, соработка. Нашиот македонски народ и сите етнички заедници во Северна Македонија нема да го поддржат тоа, рече Заев.

Поранешниот премиер истакна дека конечна цел и задача на сите, а најмногу на политичарите е да обезбедат иднина за својот народ, за целиот регион, за целиот европски континент и да дадат позитивен пример на светско ниво во политиката.

Убеден сум дека нашето пријателство, добрососедство и соработка во иднина ќе биде пример и од тој аспект како поранешен градител на тоа пријателство, потписник на Договорот, испраќам порака до политичарите во Северна Македонија и во Бугарија да го негуваат пријателството и добрососедството, рече Заев.

Тој изјави дека е горд не само на Договорот со Бугарија, туку и на Преспанскиот договор. Со нив, како што рече повторно ги изградивме нашите пријателства со нашите соседи и додаде дека како поранешен премиер стои на располагање да пружи помош во градењето на добрите односи меѓу Скопје и Софија, а помош понуди и во однос на деловната соработка.

Во врска со тоа дали во земјава има политича волја за измени во Уставот и за внесување на бугарското малцинство, Заев изрази верување дека има, нагласувајќи дека во нашиот Устав има седум етнички заедници, а дека со измените станува збор за впишување на наши граѓани со бугарска, црногорска, хрватска самосвест.

Сметам дека тоа прашање, кое треба да се реши час поскоро. Хрватска која е земја членка на ЕУ на пример во нејзиниот Устав има 24 етнички заедници. Ние го разбираме бугарскиот Устав, тој е поразличен од нашиот Устав, е по линијата на Франција, САД и други, а ние сме мултиетничка земја и верувам дека тоа наскоро ќе го сториме и ќе чекориме кон отворање на поглавјата со ЕУ, истакна Заев.

Тој изрази задоволство од денешниот чин на доделување на титулата почесен доктор на Ќучук, кој, како што рече, работи не само за Северна Македонија, туку и во интерес на целиот регион. – Тој е симбол на нашето пријателство и се надевам дека неговиот пример ќе го следат сите политичари и во Северна Македонија и во Бугарија, истакна Заев.

Next Post

Викендов нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk