ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ќе се проверува дали имало нарушување на безбедноста на личните податоци по хакирањето на веб – страната на МОН

September 12, 2022 16:47
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука (МОН) досега не доставило до Агенцијата за заштита на лични податоци известување за нарушување на безбедноста на личните податоци, откако пред два дена сајтот на Министерството беше цел на напад на хакерска група. Веб -страната на МОН и денеска не е достапна за јавноста. Од Агенцијата за МИА наведуваат дека по службена должност ќе истражат и ќе проверат дали дошло до нарушување на безбедноста на личните податоци кои се обработуваат на веб страницата на МОН.

Досега во Агенцијата, од страна на Министерството за образование и наука (МОН) нема доставено известување за нарушување на безбедноста на личните податоци. Агенцијата по службена должност ќе истражи и провери дали дошло дo нарушување на безбедноста на личните податоци кои се обработуваат на веб страницата на МОН, односно дали обработката на личните податоци е во согласност со правилата на Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија 42/20 и 294/2021). Во зависност од состојбата Агенцијата може да поведе постапка на вршење вонредна супервизија, се наведува во информацијата што МИА ја доби од Агенцијата за заштита на личните податоци.

Во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, како што наведуваат од Агенцијата, контролорот, во конкретниот случај Министерството за образование и наука, мора веднаш и не подоцна од 72 часа откако дознал за нарушувањето да ја извести Агенцијата за заштита на личните податоци на incident@privacy.mk.

Кога известувањето до Агенцијата не е поднесено во рок од 72 часа, заедно со известувањето треба да биде доставено и образложение за причините за доцнењето, посочуваат од АЗЛП.

Доколку нема можност за известување на Агенцијата за заштита на личните податоци во рок од 72 часа, додаваат, контролорот може да го достави известувањето постепено, без понатамошно непотребно одложување.

Оваа обврска не се применува во случаи каде нема веројатност дека нарушувањето на безбедноста на личните податоци ќе резултира во голем ризик за правата и слободите на физичките лица, велат од Агенцијата.

Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) беше хакирана на 10 септември. На сајтот на МОН пишуваше дека е хакирана од грчки хакерски тим „Netwatchers“. Тогаш Mинистерството за образование и наука е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации каде што е пријавен случајот и од каде очекуваа со поддршка на МВР да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите. Во меѓувреме ИТ службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб страницата, по што повторно ќе биде активирана, наведоа од МОН.

Од МОН во саботата посочија дека нема потреба од грижи за наводно преземање на некакви бази на податоци на граѓаните, затоа што на веб страната не постојат такви позадински бази и истата има информативен карактер.

Next Post

Панел дискусија на ЦИВИЛ: Шуто Оризари, заборавена општина

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk