ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд утре ќе одлучува за „работа во недела”

September 13, 2022 11:52
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд утре на седница ќе расправа за рефератот што е подготвен по претходно поднесена иницијатива од страна на Стопанската комора на Северна Македонија, а се однесува на оспорениот Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, којшто во својата содржина опфаќа „работа во недела”.

Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде било кој друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите. Во иницијативта се содржани наводи дека со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела (неметалните минерални производи) и имаат еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата кои се утврдени со закон се ставени во нееднаква правна положба со работодавачите од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка, информираат од Судот.

Подносителот на иницијативата смета дека е нарушено начелото на владеење на правото и дека оспорениот закон е во спротивност со членот 8 став 1 алинеи 3 и 7 и член 9 став 2 од Уставот.

На дневен ред на утрешната седница седницата се и оспорениот член 5, 18 и 19 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи и оспорениот член 25 став 1 точка 11 од Законот за управни спорови.

Според подносителот на иницијативата на членот од Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи со оспорените одредби сите полнолетни, здравствено и психо-физички способни граѓани со завршено средно образование, нема да можат да се вработат во МВР доколку се членови на политичка партија, а веќе вработените лица би можеле да трпат штетни последици (парична казна, распоредување на пониско работно место, па дури и прекин на работниот однос) доколку се утврди дека се членови на политичка партија.

Во иницијативата е наведено дека оспорените одредби ги ставаат овие лица во нееднаква, подредена, директна и индирекна дискриминаторска улога и дополнително со конкретните одредби не е прецизирано на кој начин ќе се утврдува дали некое лице е член на политичка партија.

Во иницијативата поднесена на член на Законот за управни спорови подносителот наведува дека со оспорената одредба на граѓаните им се оневозможува непречено и безусловно да ги користат правата кои се гарантирани со членот 9 од Уставот, односно граѓанинот кој нема средства, нема приходи или во одреден момент има потешкотии да врши плаќање  има блокирана сметка, не е еднаков со граѓанинот кој има средства и приходи при поведување на управен спор, притоа на таков начин тој граѓанин губи одредени права и интереси што му се повредени со некој неповолен поединечен акт на органите на државната власт и претрпува соодветна ненадоместлива штета.

 

Next Post

Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за средбите со Грузија и Бугарија

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk