ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Македонското студио за анимација и ефекти ФХ3Х стана дел од светската групација Синесајт, во следните пет години планираат вработување на 120 лица годишно

September 15, 2022 17:45
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Македонското студио за продукција на анимација и визуелни ефекти ФХ3Х стана дел од светски познатата групација за визуелни ефекти – Синесајт (Cinesite) од Лондон, Велика Британија.

Основачите на компанијата Кристијан Даниловски и Миливоје Ѓорѓевиќ, кои во изминативе 25 години заеднички испишаа една од најуспешните претприемачки приказни во земјава, го објавија
спојувањето на денешната прес – конференција во просториите на компанијата со што го потврдија уште еднаш својот квалитет, а од клиент Синесајт го направија свој партнер.

Влезот во Синесајт е природен следен чекор во еволутивниот развој на ФХ3Х, чиј тим со многу креативност, упорност и посветеност успеа да стигне и да опстои на Холивудскиот пазар и во своето портфолио да ги вкнижи дури и најпознатите филмски блокбастери, рече Даниловски.

Ѓорѓевиќ потенцира дека со Синесајт соработувале и претходно, но здружувањето на силите и талентираната домашна работна сила со која располагаат во регионов ќе им овозможи да го остварат полниот потенцијал на нивната компанија. -Парнерството ќе има значаен позитивен ефект брз индустријата на продукција на визуелни ефекти во Македонија, но и во цел регион, нагласи Ѓорѓевиќ.

Ентони Хант, извршен директор на групацијата Cinesite изрази задоволство од склученото партнерството со ФХ3Х, од кое, вели, очекува дека значајно ќе ги зголеми глобалните капацитети на компанијата
преку вклучување во тимот на Синесајт на квалитетни менаџери, продуценти и искусен и креативен кадар и ќе го исполни барањето на постојан раст на квалитетот на визуелните ефекти.

Во нашиот тим веќе имавме талентирани луѓе од Македонија со кои соработуваме. По ширењето во Канада, во нашите планови за ширење на бизнисот кон исток, кон Југоисточна Европа, Балканот остана недопрена област за нас. По првите разговорите со Кристијан и Мишко се случи хемија, а таа е многу важен дел од бизнисот. Најдовме добри партнери во двајцата и за нас тоа беше нормално растење на групацијата во овој регион, на истиот начин на кој што тоа го направивме и во Ванкувер и Монтреал, вели Хант.

Соработката се Индустријата на визуелни ефекти е една од ретките која бара спој на напредни компјутерски вештини и уметнички знаења и талент и оттука и нашиот интерес да дадеме доверба токму на Фх3х за градење на пазарот во регионов.

Ѓорѓевиќ најави дека компанијата наскоро започнува со интензивни обуки на 60 кандидати кои очекува за шест месеци да станат дел од тимот на ФХ3Х Синесајт. За овие обуки ФХ3Х и Синесајт обезбедија 60 стипендии што е шанса за младите кои имаат талент и елан за работа во оваа професија, за професионалното остручување без да им претставува голем финансиски товар.

Менаџментот на Фх3х и Синесајт најавија и континуирано зголемување на капацитетите во земјава со најмалку 120 новообучени кадри годишно, а дополнително веќе се работи на проширување на капацитетите и во соседна Србија, со цел компанијата спремно да одговори на најновите барања на филмската индустрија кои подразбираат континуирано зголемување на обемот и квалитетот на визуелни ефекти.

Од ФХ3Х на новинарско прашање го актуелизираа и проблемот со постојниот закон за филмска дејност во делот на субвенционирање на странските инвестиции во филмска дејност, а кој е потребно да се измени.

Самиот закон е закочен со два члена кои од странските партнери кои инвестираат бараат да ги приложат своите финансиски извештаи за целиот проект, кој се случува дури и надвор од земјава. Станува збор за информации за проекти вредни и по двеста милиони долари, а во земјава се работи само дел од проектот во вредност од еден или два милиони долари кои се деловна тајна, вели Ѓорѓевиќ според кого само минатата година четири проекти во вредност од четири милиони долари морале да ги префрлат и одработат во други земји каде се решени законските околности.

Проценува дека само од нивната компанија земјава во последните 10 години има изгубено над 30 милиони доалри заради овој закон, а на ниво на земјата годишно губи од 10-15 милиони долари нефункционалност на постојниот закон.

Синесајт е едно од најпознатите светски студија за визуелни ефекти со канцеларии во Англија, Германија и Канада. ФХ3Х има работено на бројни светски блокбастери, а досега повеќе филмови на кои соработувале се наградени со ЕМИ или престижниот Оскар (Ранго, Животот на Пи…).

Во моментов работат на: Indiana Jones 5, Crater, Star Trek: Strange New Worlds втора сезона, Star Trek: Picard трета сезона, Peter Pan and Wendy,
Vikings Valhalla, и Strays“.

Next Post

(ВИДЕО) Дизниевиот лик Шиљо полни деведесет години

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk