ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Одгласи од Хрватска: Одлична 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, повторно ќе се вратиме во земјата каде што сонцето вечно сјае

September 15, 2022 11:51
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На хрватскиот портал „Кишобран“ е објавен прилог со суперлативни оцени и детален приказ за јубилејната, 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), којашто се одржа од 17 август до 2 септември, во Охрид, со учество на 60 семинаристи од 17 држави. Авторка на прилогот е Ивана Катан од Филозофскиот факултет во Риека, којашто веќе пет семестри, на тамошниот македонистички лекторат ги изучува македонскиот јазик, литература и култура, а годинава, првпат учествуваше на школа на МСМЈЛК при УКИМ. Ваквите одгаси се потврда не само на успешноста на Школата, туку и воопшто на остварениот влог во натамошната посветеност на македонистиката од страна на новите генерации странски македонисти, а едновремено се и значајна афирмација за нашата земја, вклучително и зашто преку прилогот се афирмира и македонското културно наследство.

„Професорите коишто ги држеа лекторските вежби се професионалци, со искуство стекнато и во странство, поседуваат големо знаење и подготвени се секогаш да помогнат… …Покрај лекторските вежби коишто се одрвиваа во прекрасна природа со поглед на Охридското Езеро, секој ден имавме можност да посетуваме и предавања за македонскиот јазик, литература и култура.“ – наведено е во прилогот, со напомена дека преку предавањата, семинаристите можеа да се запознаат и со македонското писмо, мода, музика и сликарство, при што Катан ги издвојува и за неа најинтересните предавања.

Опишувајќи ја атмосферата во текот на наставата, Катан во прилогот пишува:

„На првиот час од лекторските вежби, сите семинаристи добивме учебник од којшто читавме тектови, разговаравме за одредени теми коишто ни се блиски на сите, решававме вежби / задачи од областа на јазикот. Покрај задачите од сферата на граматиката, разговаравме и за секојдневни теми, се запознававме меѓуебно при што секој имаше можност да ја престави и својата земја на македонски јазик. Така вежбавме и го учевме македонскиот јазик. Атмосферата секогаш беше позитивна, пријателска и опуштена.“

Во прилогот е опфатена и преведувачката работилница на Школата, при што Катан истакнува: „Сметам дека работилницата беше многу корисна, за сите коишто се бават со преведување и коишто планираат да преведуваат во иднина. Текстовите се преведуваа од македонски на својот мајчин јазик по што се разговараше за преводот и проблемите со коишто семинаристите се судриле во текот на преведувањето.“ Таа го споменува и курсот по народни ора, во вечерите со македонско вино и песни, со како што вели „магичниот залез на сонцето“.

Катан одделно се осврнува на македонското културно наследство, претставувајќи во прилогот и низа историски и културолошки важни информации и сознанија, стекнати во текот на Школата, пред сè за Охрид и одделно за манастирот „Св. Наум“, Вевчани, Битола и подвигот на браќата Манаки итн. Текстот изобулува со импресии, детални описи и фактографија. Во прилогот, посебно место зазема и македонската храна, при што Катан, меѓу другото вели:

„Што и да изберете од македонската храна, не може да згрешите. Сигурна сум дека во Македонија нема да останете гладни затоа што порциите се обилни и вкусни, а угостителите секогаш насмеани и љубезни. Освен што ова беше мое прво учество на Летната школа, првпат бев и во Македонија. Многумина семинаристи не беа за првпат дел од оваа Школа. Тие повторно се враќаат на оваа Летна школа, но и во Македонија, бидејќи како што велат, во Македонија се чувствуваат како дома и секогаш се топло угостени, а тоа, сега можам и самата да го потврдам. Покрај тоа што од Македонија понесов голем број спомени, книги и суверини, таму остана и дел од мене. Благодарна сум за стекнатото знање, за многуте пријателства коишто ги стекнав и за срдечните луѓе коишто ги запознав во Македонија. Едвај чекам повторно да се вратам во земјата каде што сонцето вечно сјае.“ – вели Катан во завршницата на прилогот.

 

Next Post

(ВИДЕО) Заев за Денот на демократијата: Денес имаме владеење на народот, денес одлучуваат тие кои гласаат, а не оние кои бегаат

НАЈНОВО

Филипче: Македонија е на дното во регионот најниски плати, највисока инфлација, најслаб економски раст

November 13, 2025

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија

November 13, 2025

Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатјон Софта: Северна Македонија, Косово и Албанија – под закана од тајни саботажи и дезинформации од Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk