Во рамки на меѓународната агенда на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, заедно со Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски го посетивме Оперативниот координативен центар на Гранична Полиција на Министерството за внатрешни работи на Република Романија каде присуствувавме на кратка презентација која беше реализирана од страна на колегите од Романија, објави директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.
Тој извести дека имале средба со романскиот Министер за внатрешни работи Лучијан Никола Боде, како и со Директорот на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК, г-дин Огуз Серкант АКИН, а во рамки посетата на седиштето на СЕЛЕК во Букурешт.
„На средбите ја потенциравме досегашната одлична соработка, како и значајноста на Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа како оперативна организација која ја олеснува брзата размена на информации меѓу агенциите за спроведување на законот од земјите членки во областите на прекуграничен криминал,“ истакна Тасевски.