Политичкиот аналитичар Зоран Иванов во емисијата Аргумент плус на ТВ 24, во однос на иницијативата за референдум, рече дека самиот референдум немаше да помине, но добро е да се анимираа членството и јавноста дека сме загрозени.
– За мене е легитимно, има и други сретства и методи. Власта ја носи најголемата одговорност, но се бара кооперативност од опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ на европскиот автопат се однесува како одрон на тој пат, како пречка. И да поминеше референдумот, немаше да успее. Ние заборавивме на бурните процеси, а не чекаат непродуктивни потези. – рече Иванов.