Кога спикерот Талат Џафери ја отфрли иницијативата за референдум како противуставна, од ВМРО ДПМНЕ се заканија дека ќе има одговорност. Потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски не прецизираше на каква одговорност мисли, но изјави дека нема да поведат кривична постапка затоа што во државата судството било заробено и корумпирано. Затоа тие не му верувале на судскиот систем. Дали во ВМРО ДПМНЕ навистина го мислат ова или пак направиле проценка дека залудно ќе поднесат пријава затоа што Џафери е во право?
Пред само шест месеци ставот на партијата за судството, или поточно на Христијан Мицкоски беше сосема поинаков. Кога тој доби два судски процеса, од кои едниот против СДСМ, тогаш судството беше фер и објективно. Но, ова не е прв пат партијата да излегува со спротивставени ставови за една иста работа. Неконзистентноста во политичкото делување на ВМРО ДПМНЕ е одамна препознатлива.
Мицкоски во една прилика, пред вклучени камери, кога премиерот на Бугарија, Бојко Борисов ги праша што мисли и дали го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија, тој му одговори потврдно, затоа што така налагаше дневната политика. Ден потоа, а и ден претходно, истиот тој договор за Мицкоски беше антидржавен и предавнички, согласно политичките потреби пред домашната јавност.
Пред 10-тина месеци градоначалничката Арсовска беше прва жена во Европа според знаење и посветеност и незаменлив кандидат за Скопје, денес е само лажга и криминалка од која се бара оставка.Дневните потреби на Мицкоски, за судот, Арсовска и Бугарија.