ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Денеска истекува рокот кога Ѓукановиќ треба да го соопшти името на мандатарот

September 19, 2022 13:17
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска истекува рокот до кога претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, треба да го соопшти името на мандатарот за состав на новата влада, по предлог на 41 пратеник, пренесува МИА.

Доколку на Ѓукановиќ не му биде доставен предлог за мандатар, најверојатно ќе побара скратување на мандатот на парламентот.

Партиите кои го формираа мнозинството по изборите на 30 август 2020 година и по седум средби не ги усогласија ставовите за мандатар и распределбата на функциите во новата влада, но последниот обид за договор ќе следи денеска.

Еден од лидерите на Демократскиот фронт (ДФ), Андрија Мандиќ свика средба за денеска во 10 часот во Собранието на Црна Гора. Во пресрет на средбата, сите погледи се вперени во Граѓанското движење (ГП) УРА, откако иницијаторот на разговорите Мандиќ вчера соопшти дека алијансата го прифаќа нивното барање идната влада да се формира на паритетна основа – половина од членовите да бидат од редовите на ГП УРА, а другата половина да ја сочинуваат другите партии и оти кандидатот за мандатор Миодраг Лекиќ има „златен глас“, пренесува Бета.

УРА не се изјасни, но не се изјаснија ниту Демократите на Алекса Бечиќ.

Мандиќ вчера во своето обраќање до јавноста рече дека не ја губи вербата во договор на „старото мнозинство“ и оти очекува 41 пратеник да го потпишат предлогот Миодраг Лекиќ да биде кандидат за мандатар и оти за ова денеска ќе го извести претседателот Мило Ѓукановиќ.

Уставот не предвидува што ќе се случи доколку не биде предложен мандатар, но извесно е дека тоа би довело до вонредни избори кои можат да се распишат само доколку се распушти собранието или му се скрати мандатот.

Доколку не го достават името на мандатарот, се очекува Ѓукановиќ да побара скратување на мандатот на собранието. Конечната одлука за скратување на мандатот на собранието ја носат пратениците, со 41 глас „за“. Доколку одлуката биде усвоена, според член 92 од Уставот, Ѓукановиќ треба да распише предвремени избори првиот ден по распуштањето на собранието.

Доколку Ѓукановиќ, пак, предложи мандатар и ако тој не биде избран во рок од 90 дена, парламентот ќе се распушти. Во тој случај, Ѓукановиќ ќе распише избори следниот ден по распуштањето на собранието.

Црногорскиот претседател изминатите денови неколку пати најави дека во парламентот „нема расположение“ за формирање нова влада и оти е пореално да се оди на организација на избори.

Ѓукановиќ моментално е во Лондон, каде денеска ќе присуствува на погребот на британската кралица Елизабета Втора, која почина на 8 септември.

Next Post

Абазовиќ: Бајден може да го спаси Западен Балкан од руско и кинеско влијание

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk