ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

ФИТР со нов јавен повик за младите „Предизвик за млади истражувачи 5”

September 20, 2022 12:17
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за иновации и технолошки развој денеска објави нов јавен повик „Предизвик за млади истражувачи 5 – Зелени проекти” наменет за ученици од целата држава, чија цел е поттикнување на креативното размислување кај младите и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод.

Повикот е наменет за сите основни и средни училишта, кои можат да аплицираат со истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки, организирани во тимови од пет до десет ученици предводени од еден до двајца ментори. Процесот за истражување треба да се основа на „научен метод”, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда / модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување, а резултатите од истражувачкиот проект треба да бидат применливи во зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот.

-Преку овој повик, сакаме да потенцираме дека секој ученик има способности да се вклучи во процесот на истражувачки активности. Сметам дека е потребна шанса да им се даде на младите за да се поттикне креативното размислување, нивниот потенцијал кој го поседуваат но и поддршка во развој на иновативни решенија за одредени проблеми со кои се соочуваме. Особено ми е задоволство што ФИТР веќе петти пат по ред го спроведува „Предизвикот за млади истражувачи”, преку кој досега имаме поддржано над 100 училишни проекти и преку 700 ученици и ментори, изјави Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Халили додаде дека очекува како и досега да има голем интерес за повикот, а младите ги охрабри да се пријават и заеднички да креираме успешни проекти кои ќе имаат позитивно влијание врз зачувување и унапредување на животната средина.

Од ФИТР информираат дека вкупниот фонд за овој предизвик изнесува три милиони денари, а наградите ќе бидат поделени во две категории, истражувачки проекти од основни и средни училишта. Максималниот буџет за поединечен предлог проект треба да изнесува до 200.000 денари. За наставниците кои ќе водат ученички тимови, ќе биде обезбедена награда во износ од 30.000 денари, наменети за набавка на дигитална опрема која ќе биде применлива во наставниот процес.

Посебно се охрабруваат проекти кои имаат интердисциплинарен карактер, кои предвидуваат инклузивен пристап во формирањето на тимовите, односно имаат еднаква родова застапеност, вклучуваат деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби, деца од различни возрасти и слично, како и проекти кои се поднесени од училишта од рурални средини.

Активностите предвидени во предлог проектот треба да соодветствуваат на активностите на истражување и развој, односно предлог проектот треба да вклучува активности кои ќе ја тестираат дефинираната хипотеза по пат на експеримент и набљудување. Секој предлог проект кој ќе пристигне во рамки на јавниот повик ќе се оценува според квалитетот на проектот, применливост на резултатите од истражувањето, усогласеност на предлог проектот со целите на јавниот повик и капацитет на проектниот тим.

Од ФИТР информираат дека сите млади ентузијасти кои имаат идеја и амбиција, своите предлог проекти треба да ги достават до 02.11.2022 година, до 14.00 часот. Со цел да се поддржат тимовите во процесот на подготовка на предлог проектите, ФИТР најавува дека ќе организира повеќе инфо сесии. Сите дополнителни информации во врска со повикот можат да се добијат на: https://fitr.mk/предизвик-за-млади-истражувачи-5/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk