ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи-Дендиас во Њујорк: Четири години по потпишувањето на договорот од Преспа со Грција изградивме стратешки однос

September 22, 2022 18:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На маргините на 77-то генерално собрание на ОН, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари средба со неговиот грчки колега Никос Дендиас.

Четири години по потпишувањето на договорот од Преспа, со Грција успеавме да изградиме стратешки однос, со предвидлива динамика и развој, кое може да се огледа како во нашиот континуиран политички дијалог, така и во поглед на нашата економска соработка и зголемената трговска размена, нагласи Османи по средбата.

Како што информираат од МНР, Османи изразил задоволство за искажаната подготвеност на Владата на Грција за помош на Северна Македонија во справувањето со предизвиците со енергетската криза.

Во разговорите, како што се наведува во соопштението, било повторено значењето на постигнатиот договор од Преспа, кој денеска служи како модел за успешно решавање на отворени билатерални прашања меѓу две соседни држави, важноста на понатамошната имплементација на договорот, како и одлучноста на двете страни да продолжат со напори во таа насока, со што ќе се исполнуваат целите на договорот и Акцискиот план за соработка.

Во однос на европската перспектива на Северна Македонија, двајцата министри го поздравиле одржувањето на првата Меѓувладина конференција и започнувањето на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ. Министерот Дендиас, уште еднаш ги потенцираше јасните позиции на Грција за силна и континуирана поддршка за Северна Македонија во нејзиниот европски пат, како и поддршката за останатите држави од регионот на Западен Балкан во нивните европски и вро-атлантски интеграции.

Посебно внимание било посветено на предизвиците поврзани со руската агресија врз Украина, соработката во рамките на НАТО и претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ почнувајќи од 1 јануари.

Next Post

Енергетиката во фокус на разговорите на Ковачевски и министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов

Shortcut

Најново

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk