ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) Зеленски во ОН: Направено е злосторство против Украина и бараме праведна казна

September 22, 2022 09:06
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешниот говор пред Генералното собрание на ОН побара „праведна казна“ за Русија поради злосторството што го направи против неговата земја.

Зеленски е единствениот државник кому Генералното собрание му дозволи да зборува преку видео врска.

Војната во Украина доминира во говорите во ОН на седницата што се одржува речиси седум месеци по почетокот на руската офанзива во Украина, која е најголемиот воен конфликт во Европа од Втората светска војна.

„Направено е злосторство против Украина и бараме праведна казна, рече Зеленски на почетокот на својот говор. Ние не ја сакавме оваа војна, имавме 88 рунди разговори од почетокот на моето претседателство до 24 февруари оваа година, рече тој додавајќи дека Украина нема друг избор освен да се брани.“

Зеленски рече дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги мобилизира резервистите покажува дека Москва не е сериозна во разговорите за ставање крај на својата речиси седуммесечна војна и инсистираше на тоа дека неговата земја ќе победи во одбивањето на нападот на Русија и протерувањето на нејзините војници.

Можеме да го вратиме украинското знаме на целата наша територија. Можеме да го направиме тоа со сила на оружје, рече украинскиот лидер и додаде дека за тоа треба време додека е во тек украинската контраофанзива за ослободување делови од територијата што ги контролира Русија.

Зеленски не зборуваше детално за развојот на настаните и оцени дека секој руски говор за преговори е само тактика на одложување и оти постапките на Москва зборуваат погласно од нејзините зборови.

Тие зборуваат за разговори, но најавуваат воена мобилизација. Зборуваат за разговори, но најавуваат лажни референдуми за окупираните територии на Украина, рече тој.

Зеленски оцени дека Москва сака да ја помине зимата подготвувајќи ги своите сили во Украина за нова офанзива или барем да се зацврсти со мобилизација на повеќе војници.

Русија сака војна – тоа е вистината. Но Русија нема да може да го запре текот на историјата … Човештвото и меѓународното право се посилни од терористичка држава, рече тој

Истакнувајќи различни „предуслови за мир“ во Украина, тој ги повика светските лидери да и го одземат правото на глас на Русија во меѓународните институции и правото на вето во Советот за безбедност на ОН, велејќи дека агресорите мора да бидат казнети и изолирани.

Next Post

Бектеши до ВМРО-ДПМНЕ: Повелете кажете конкретни мерки за заеднички да придонесеме во решавањето на енергетската криза

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk