ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски за ВОА: Погрешно е тоа што ВМРО-ДПМНЕ се противи на членството во ЕУ и стратешките интереси на државата

September 24, 2022 11:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Апсолутно погрешно е тоа што ВМРО-ДПМНЕ се противи на членството во ЕУ и стратешките интереси на државата“, порача во интервју за сервисот Гласот на Америка, премиерот и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Ковачевски изрази загриженост за неодговорното однесување на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која заедно со политичката партија Левица се обидува да го запре процесот на евроинтеграциите.

„Мене ме загрижува и однесувањето на ВМРО – ДПМНЕ коешто секогаш се противи на стратешките интереси на државата. Тие беа против преспанскиот договор и зачленувањето во НАТО, сега беа против предлогот  во однос на преговарачката рамка и отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Подоцна, за да можат да се затскријат зад македонските граѓани што впрочем и секогаш го правеле, започнаа една противуставна иницијатива за референдумско изјаснување и исто така ја поддржуваат иницијативата која што Левица сака да ја промовира, а која се однесува исклучиво кон стопирање на патот на државата во ЕУ.

Сметам дека тоа е апсолутно погрешно и спротивно на стратешките интереси на државата и на она што граѓаните пред 31 година го одлучиле со создавањето на своја суверена и независна држава која еден ден ќе стане земја членка и на НАТО и во ЕУ.  Веќе сме членка на НАТО. Значењето на тоа членство се гледа сега кога се води војна во Украина по инвазијата на Русија врз независна и суверена држава. Конечно ги отпочнавме преговорите со ЕУ, што значи остварување на стратешки цели кои што државата ги има поставено пред 30 години.“ порача Ковачевски.

Ковачевски оцени дека државата влегува подготвена во процесот на преговори и дека со ангажирање на сите капацитети, реално можно е тој прцес да заврши веќе во 2030 година.

„Имавме период од 17 години кандидатски статус. Владата на СДСМ со коалиционите партнери работеше изминатите 5 години за усогласување на законодавството со она во ЕУ. Во моментов имаме 45% усогласено законодавство со ЕУ. Веќе имаме направено преговарачка структура која беше официјализирана од Владата, имаме назначено главен преговарач. Вклучени се во преговорите и академската заедница и невладиниот сектор. Сметам дека е реално за 14 месеци да заврши скрининг процесот и да почне отворањето на поглавјата. До 2030-та, согласно темпото со кое се работи, сметам дека е реално Северна Македонија да стане членка на ЕУ.“ заклучи Ковачевски.

Next Post

Борел: ЕУ мора сериозно да ги сфати заканите на Владимир Путин

Shortcut

Најново

Биволот наречен „Доналд Трамп“ спасен од жртвување за Курбан Бајрам по виралната слава во Бангладеш

May 28, 2026

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

May 28, 2026

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026
Generated by pixel @ 2026-05-

Пад на акциите на Ферари по промоцијата на првиот целосно електричен автомобил „Luce“

May 28, 2026
Фото: Влада

СДСМ: Прославата на независноста не смее да биде параван за приватизација на културата

May 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk