ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Можна историска победа на екстремната десница во Италија, рекордно ниска излезност на изборите

September 25, 2022 18:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Помалку од 20 отсто од италијанските граѓани со право на глас гласале во првите часови на денешните парламентарните избори, што се чини дека ќе стане ново историски најниско ниво на излезност на гласачите, јави ДПА.

Гласачките места беа отворени во седум часот наутро по локално време. Според Министерството за внатрешни работи во Рим, до 12 часот излезноста била 19 отсто, што е помала од бројките од изборите во 2018 година, на кои беше забележан најмал одѕив некогаш забележан по Втората светска војна со околу 73 отсто. Денешните избори може да завршат дури и со помала излезност, при што експертите предвидуваат излезност под 70 проценти.

Италијанците денеска гласаат на, како што се нарекуваат клучни избори, во време кога Европа страда од последиците од руската војна во Украина.

Првпат во Италија по завршувањето на Втората светска војна, овие избори може да доведат на чело на владата лидер на екстремната десница, шефицата на партијата на Браќата на Италија, Џорџа Мелони.

Изборите би можеле да бидат тест за тоа дали екстремно десничарските чувства зајакнуваат во 27-члената ЕУ. Неодамна, една десничарска партија во Шведска се здоби со популарност преку искористување на стравовите на луѓето од криминалот, потсетува Бета.

Главниот партнер во сојузот на Џорџа Мелони е десничарската партија Лига на Матео Салвини, која ги обвинува мигрантите за криминал. Салвини долго време е идеолошки поддржувач на десничарските влади во Унгарија и Полска.

Салвини, кој има база на гласачи меѓу сопствениците на бизниси во северниот дел на Италија, претходно носеше маици за поддршка на Путин. Тој, исто така, го доведе во прашање колку е мудро да се задржат западните економски санкции против Русија, наведувајќи дека тие можат да бидат премногу штетни за италијанските економски интереси.

Објавувањето на резултатите од анкетите беше прекинато 15 дена пред денешните избори, но претходно тие покажаа дека најмногу гласови ќе освои партијата на Џорџа Мелони, веднаш пред централно-левичарската Демократска партија предводена од поранешниот премиер Енрико Лета.

Сојузот во кампањата што ја поврзува Мелони со конзервативните сојузници Салвини и поранешниот премиер Силвио Берлускони има јасна предност пред Лета во сложениот италијански систем за распределба на места во парламентот.

Лета залудно се надеваше дека ќе формира сојуз со левичарското популистичко Движење пет ѕвезди, најголемата партија во владата во заминување.

На чело на владата во заминување е поранешниот шеф на Европската централна банка, Марио Драги. На почетокот на 2021 година, италијанскиот претседател го покани Драги да формира влада на единство по распаѓањето на втората владејачка коалиција на лидерот на Движењето пет ѕвезди Џузепе Конте.

Драги изјави дека не сака уште еден мандат како премиер.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk