ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пред да почнам со зборување, имам нешто важно да ви кажам

September 27, 2022 13:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Ми се допадна сатиричната опаска на Гручо Маркс, ми се допадна за да биде наслов на овој текст од сосема практична природа: прво е луциден, а второ ја неутрализира конвенцијата на протоколарното зборување. Што значи, знаеше уште драгиот Гручо дека јазикот може да зборува, а може и ништо да не каже.

Не знам дали знаете, а некои од вас сигурно знаат, ама мислам дека не е погрешно да ги повториме очигледните вистини. Од 2019 година до крајот на 2021 година, низ медиумскиот простор поминав како низ „топол зајак“.

Бев соочен, по сопствена волја и убедување, со една политичка елита која може да ја дефинираме како десно-популистичка и ултраконзервативна, сочинета од луѓе кои вегетираат на професорска, новинарска, културна и академска платформа. Сите тие луѓе, без исклучок, ги дефинира еден заеднички именител: продукција на војна, криза, блокада, страв и омраза. Добро, тие ќе ви речат „ние сме критични“, ама тука ќе ја промашиме поентата. Не се критични, туку блокираат свесно, исклучуваат и играат на разлики. Играат политика на самоубијци.

Имено, цело време зборував и глорификував мир, пријателство, соживот и дијалог во моите текстови и јавни говоранции: никогаш ниту имав, а ниту сакав да протнам потпалувачки агенди во медиумите. Во еден временски период, толку многу ме „заиграа медиумите“ (делимично бев и самиот виновен), така што едно време помислив дека измеѓу „бог и македонците“ нема никој,  стојам јас со мојата глава и моето тело на кое уринира огромна количина на патритско просташтво.

Никогаш до тогаш не сум знаел дека медиумите се ѓаволска, шејтанска работа. Приметија „кучињата на стравот“ кај мене една питома, пацифистичка црта, па можеби приметија и дека премногу сум се занел во тоа „мое пријателство“ за, во рок од цели две години, да ме растргнат на парамедиумите и опскурните фејсбуци, тие клоаки за лажните Vox Populi: демек, ете, „со народот против Неџо“ во неговото интергалактичко граѓанско помирување дома и кон соседите.

Суштината на тој бес лежеше (и сè уште лежи) во деполитизација, и тоа не само вперена кон мене, туку вперена и кон сите оние луѓе кои ќе се осмелат „од мало“ место да му пркосат на центарот, поточно „мејнстримот“. Уште мислам и дека ВМРО-ДПМНЕ со тој десен пол работи на деполитизација на широкото граѓанство. Притоа, ова е феномен кој се шири во источна и јужна Европа. Се шири и во Западна Европа, ама за среќа, останува пред вратите на нивните институции.

Сите десничарски партии кои ќе станат режими откако ќе дојдат на власт, се многу слични едни со други. Тука пред сè мислам на Русија и Белорусија, тие се најекстремни. Меѓутоа, имате и режим на Виктор Орбан, имавме пред само некоја година режим на Груевски во Македонија. Сите овие, без разлика на нивните историски и културолошки разлики, имаат многу повеќе сличности отколку што имаат разлика. Не во поглед на идеологија, оти таквите немаат никаква идеологија, освен што генерално може да ги дефинираме како ултра десно-конзервативен пол.

Нивната идеологија во суштина е популизам и патернализам. Непрекинато се повикуваат на „лошото минато“. Путин, да речеме, се повикува на „Елциновото време“, Орбан се повикува на „владеењето на унгарските социјалисти“, Груевски се повикуваше на „времето на комуњарите“… Вака од прилика велат: тие беа отуѓени елити кои во името на своите материјални и идеолошки интереси всушност не растураа нас, обичниот народ. Тие за себе секогаш зборуваат „ние“, бидејќи себе се претставуваат за дел од „обичниот народ“.

Натаму велеа: ние сме таа чиста сила која вас, ако гласате за нас, ќе ве ослободиме од злобните политичари. Немојте натаму да се оптеретувате, затоа што политиката е зло. Немојте да ги гледате политичките расправи, во кои некој „Неџо“ сака вака, а некој „Перо“ мисли така. Па, доста беше со тоа. Па уште имате и стотина партии на власт кои состанчат, се договораат, па се распуштаат. Дајте ни нам да створиме стабилност, да најдеме еден човек што ќе биде столб на таквата стабилност. И сите вакви десничари од погоре работат на тоа – суштинска деполитизација во своите општества.

Целта е политиката да стане нешто далечно, апстрактно, нешто со кое луѓето ќе немаат никаква врска.

Тоа е идејата на Мицкоски, тоа е идејата на Орбан, тоа е идејата на сите десно-ултраконзервативни партии, да има само еден, а помеѓу да нема ништо друго, да биде како во времето на еднопартискиот режим. Го имаш Тито, го имаш братството и единството, и чао батице, што сакаш повеќе?

СДСМ и Ковачевски, од друга страна, имаат каков-таков демократски профил и потенцијал отколку што некогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе има капацитет тоа да го разбере, а камоли да го претвори во пракса. Ниту еднаш социјалдемократите, освен во времето на опскурниот Бранко, немале лидер што ќе биде осамен на тој пиедестал. Власта се дели, како што е природно за сите демократски системи.

Така што, браќа, граѓани и граѓанки, не е неважно кој е во политика, и не е неважно кој е власт, а кој е опозиција во државата. Итекако е важно. И би требало да се знае дека деполитизацијата ја растура политиката која на крајот создава простор за најлошите струи и луѓе во општеството.

Во медиумите денес, со чест на исклучоци, не се расправа за важни работи.

Тие луѓе, бедници, кои ме плукаа изминативе години, без разлика дали веруваат или не веруваат во политиките на Мицкоски и неговата котерија, или се тука само за сендивич, тоа е неважно. Тие луѓе се жална појава, тие се последица на севкупната граѓанска, демократска и генерална култура во општеството. Ама не се главен проблем. Главен проблем се „куририте“, медиумите кои го движат „средниот ток“, медиумите кои работат на деполитизација на граѓаните. На пример, ајде да зборуваме за убави работи, да баталиме политика, што има да зборуваме за грди работи, ние сме фини луѓе.

Значи, до тука сме. Мене, лично, нема да ми зависи животот од Мицкоски, не затоа што тој човек ми се допаѓа или не, туку затоа што не може тој – и суријата негови – да ми одредува што да мислам, што да чувствувам, како да зборувам и каде да се појавувам на медиуми. А во политиката ќе се мешам, затоа што е моја, и само јас одлучувам каде и во кое својоство ќе се појавувам, и само јас ќе одлучувам да зборувам за работите за кои сметам дека живот значат.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk