Работилницата во рамки на процесот за подготовка на „Национална стратегија за правата на лицата со попреченост“, во организација на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) се одржува денска и утре во хотел Мериот во Скопје.
На оваа работилница, како што е најавено, ќе се дискутира за тематски области: еднаквост и пристап до правда, јавна свест (медиуми вклучувајќи ги културата и спортот), локални инклузивни заедници и пристапност.
По оваа работилница, во текот на октомври месец ќе следат серија на работни средби, фокус група со широк состав на чинители, информираат организаторите.
Ј. Ѓ.