Ги повикавме ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски да ја прекине праксата којашто ја наметна во Собранието преку Комисијата за надворешни работи којашто ја раководи тој, а тоа е да кочи и да го блокира целиот процес којшто се однесува во делот на надворешната политика на нашата држава, одговори на новинарско прашање Миле Талески, пратеник на СДСМ, на денешната прес-конференција.
„Вчера ние имавме прес-конференција да се откочат сите оние ратификации којшто се во делот за подобрување, односно олеснување на условите за размена на работници помеѓу државите вклучени во поектот Отворен Балкан. Досега немаме никаков одговор од страна на Антонио Милошоски“, рече Талевски.
Уште еднаш ја користам оваа прилика, вели Талевски, да го повикам Милошоски веднаш да закаже седница на Комисијата за надворешна политика во Собранието, да се откочат овие работи, се со една цел во интерес на граѓаните затоа што насушно им е потребно да се реализира она коешто е договорено во проектот Отворен Балкан.