fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Театарските уметници од Србија, Северна Македонија и Албанија стануваат дел од „Отворен Балкан“

September 28, 2022 18:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на националните театри на Србија, Северна Македонија и Албанија денеска во Владата на Србија потпишаа протокол за соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, јавија белградските медиуми.

Договорот, што беше инициран на неодамнешниот форум „Отворен Балкан“ во Охрид, го потпишаа в.д. директорот на Народниот театар од Белград Светислав Буле Гончиќ, директорот на Националната опера и балет од Скопје Васо Ристов и Абигајла Воштина од Народен театар за опера и балет од Тирана, а дополнително ќе го потпише и претставничката на Македонскиот народен театар Симона Угриновска.

Во Охрид ја претставивме идејата за можност за заедничка соработка на културно ниво, на ниво на размена меѓу Тирана, Скопје и Белград и дојдовме до идеја за формирање „Отворен балкански театарски фестивал“, што всушност ќе вклучи размена на искуства, педагози, уметници и изведби, истакна Гончиќ по потпишувањето.

Тој додаде „документот беше потпишан по разговорите во Белград каде претставниците на националните куќи се договорија, се согласија и го зацртаа основниот пат на еден ваков фестивал“.

Фестивалот се роди со идејата дека треба да ја отвориме вратата кон иднината, особено на младите и да започнеме нов концепт и свет. Поминавме многу време разговарајќи на таа тема, и официјалното потпишување на договорот формално означи нов почеток, рече Гончиќ.

Изразувајќи надеж дека фестивалот „ќе има позитивно влијание и врз публиката и врз самите творци“, Гончиќ истакна дека во следните неколку месеци ќе се направат подготовки за практично да се спроведе договорот.

Драго ми е што досега имавме одлична соработка како две земји, но Отворениот балкански театар е шанса уште повеќе да се зближиме, да соработуваме и да си помагаме како институции, изјави Васо Ристов, директорот на Националната опера и балет на Северна Македонија.

НАЈНОВО

На распит во полиција Васко Стојков – адвокатот со кој Палевски замина во Белград

December 7, 2023

Престрелка во Брисел, повредена и помошничка на европарламентарец, Ковачевски и Маричиќ се безбедни

December 6, 2023

Стратегија за унапредување на транспарентноста на Владата со Акциски план 2023-2026

December 6, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Јакимовски: Наместо сите да тагуваме, ВМРО-ДПМНЕ започнува политички пресметки, ова е израз на политички простотилук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се плашам дека со ВМРО и Левица на власт, цела држава ќе ни стане Палчо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курти за убиствата на Вања Ѓорчевска и Лиридона Адемај: Не е доволно апсењето на сторителите, треба заслужени казни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден уапсен за убиството на Вања, го возел Палчо од Бугарија кон границата со Tурција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Конзервативната десница е тука за да ги крши „индивидуалните коски“ на луѓето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk