Украинското Министерство за надворешни работи најостро го осуди незаконското приведување на генералниот директор на нуклеарната централа Запорижја, Ихор Мурашов од страна на руските окупатори.
Ова злосторство е уште еден чин на државен тероризам од страна на Русија и претставува тешко кршење на меѓународното право. Русија мора веднаш да го ослободи генералниот директор на електраната, се наведува во соопштението.
Украина ја повика меѓународната заедница, вклучително и ОН, МААЕ и Г7, исто така, да преземат решителни активности за таа цел.
Ја нагласуваме, уште еднаш, итната потреба за мобилизирање на меѓународните напори со цел да се демилитаризира и деокупира нуклеарната централа Запорижја и да се врати објектот под контрола на Украина како единствен начин да се елиминираат сегашните закани за нуклеарната безбедност, се додава во соопштението на украинското МНР.
Тие очекуваат „зголемен притисок врз државата агресор со цел да се стави крај на гранатирањето од страна на руските окупатори на електраната и другите цивилни нуклеарни објекти лоцирани на територијата на Украина, како и да се спречи натамошна злоупотреба и репресии врз персоналот на нуклеарната централа и нивните семејства“.