Со реакција за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека е, според анкетите, во убедливо водство пред СДСМ, се јави и потпретседателот на владејачката партија, Стефан Богоев.
„Ако ДПМНЕ води двојно на анкети како што тврди, зошто е тогаш оваа хистерија и харанга кон Ковачевски со лажни вести и непостоечки афери?! Ако се нивните анкети точни, како тогаш изгубија двојно во Маврово – Ростуше и Центар Жупа!?“ – пишува Богоев.
Тој вели дека во ДПМНЕ ништо не се менува ни по пет години откако од лидерското место замина Груевски, кој сега е во бегство од правдата во Будимпешта.
„Грујовата матрица на фингирани анкети и лажни вести сè уште владее во ДПМНЕ. И после 5 години, во оваа партија ништо не се менува!“ – констатира Богоев.