ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Од утре почнува соопштувањето на добитниците на Нобеловите награди

October 2, 2022 11:40
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Со објавување на имињата на лауреатите за медицина, утре почнува годинашната сезона на добитници на Нобеловите награди. Традиционално најголемо внимание привлекуваат наградите за мир и литература.

Според традицијата, името на добитникот на Нобеловата награда за медицина ќе биде објавено утре, во вторник за физика, во среда за хемија, во четврток за литература и во петок за мир. Следниот понеделник ќе биде објавено името на добитникот на Нобеловата награда за економија.

Досега само двајца добитници ја одбиле Нобеловата награда и тоа за литература. Тоа во 1958 година го сторил Борис Пастернак и тоа под притисок на советските власти, додека Жан Пол Сартр, кој ги има одбиено сите добиени награди, Нобеловата награда ја одбил во 1964 година.

Нобеловите награди постојат благодарение на шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел, изумителот на динамитот, кој сакал секоја година да се издвојуваат пари од неговиот фонд за придонес кон човештвото.

Во Париз во 1895 година, една година пред неговата смрт, Нобел во тестаментот ја вклучил и желбата да се основа Нобеловиот фонд од кој ќе се доделуваат награди на најзаслужните.

Нобел (1833-1896) ги определи институциите кои секоја година ќе ги доделуваат наградите, вклучувајќи ги Шведската академија за литература, Институтот за медицина Каролинска, Шведската кралска академија за физика и хемија, како и Комитетот за мир, кој е специјално избран  од норвешкиот Парламент.

По повод 300-годишнината од постоењето Централната банка на Шведска во 1969 година ја востанови Нобеловата награда за економија.

Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек од девет милиони круни (околу еден милион евра), а паричниот износ на наградата се дели доколку во една дисциплина има повеќе лауреати.

Доделувањето на Нобеловите награди традиционално се одржува на 10 декември, денот на смртта на Алфред Нобел.

Next Post

ФУЕН изгласа Резолуција за правата на Македонците во Република Албанија

Најново

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

April 24, 2026

Филипче: Според Мицкоски може Бугари во Влада ама не може Бугари во Устав

April 24, 2026
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

МВР со детали за апсењето на поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини

April 24, 2026

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

April 24, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис – 24 април 2026

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk